×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Училиштата и болниците ќе плаќаат поевтина струја, одлучи Владата

    29.09.2022 09:36 | Сузана Николиќ

    Основните и средните училишта на територијата на цела држава ќе бидат префрлени на регулираниот пазар, додека сите здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската. 

    Училиштата и болниците ќе плаќаат поевтина струја, одлучи Владата

    „Економскиот-енергетскиот совет штотуку заврши и донесовме одлуки кои сакам да ги споделам со јавноста, а се однесуваат на сигурно, стабилно снабдување со енергенси во наредниот период. Донесовме одлука, на регулиран пазар да бидат и основните и средни училишта на територијата на цела држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини. Исто така сите јавни и здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поволна цена од берзанската“, изјави премиерот Димитар Ковачевски. 

    Тој апелираше до сите граѓани да продолжиме со мерките за штедење на струја. 

    „Секој киловат час заштеден значи заштеда на нашиот буџет и повеќе пари за инвестиција во нови енергетски и инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат во иднина снабдувањето со електрична енергија и ќе го подобрат квалитетот на животот“, кажа Ковачевски.

     На седницата донесена е одлука да се почне постапка за издавање лиценца за производство на топлинска енергија. Регулаторната комисија за енергетика ја одзеде лиценцата на БЕГ, а според најавите на Ковачевски, со парното во Скопје ќе управува државната ЕСМ.

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk