×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата го повлече законот за дивоградби, ќе изработи нов со прифатени забелешки на јавноста

    29.05.2021 09:36 | KumanovoNews

    Владата на денешната седница донесе одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура.

    Владата го повлече законот за дивоградби, ќе изработи нов со прифатени забелешки на јавноста

    „Во известувањето, кое го прифати Владата беше изнесено дека во изминатиот период ресорното министерство организираше работни средби со претставници на комори и асоцијации од областа на градежништвото, урбанизмот, претставници на граѓанскиот сектор и учествуваше во јавни дебати организирани од страна на останати субјекти, на кои беа дадени забелешки за одредени законски решенија и предлози и сугестии за нивно доуредување“, соопшти Владата.

    Министерството за транспорт и врски ќе изработи нов Предлог-закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, согласно дадените забелешки.

     Спорниот закон за дивоградби беше изгласан во Собранието по скратена постапка на 11 мај, но претседателот одби да го потпише и го врати во собраниска процедура.

    (С.Н.)