×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За 6 месеци пензионерите уплатиле 900.000 евра за членарина и 4,5 милиони за посмртнина

    22.07.2022 11:23 | KumanovoNews | Преземено од: Пари

    „Пари“ анализира: Каде одат по 180 денари од речиси секој пензионер?

    Секој месец на пензионерите им се одбиваат по 150 денари за Солидарен фонд за посмртнина и по 30 денари за членарина. Со нивните пари, во првото полугодие од годинава Солидарниот фонд се наполнил со над 4,5 милиони евра, но во исто време, за 10.066 починати лица се исплатени 4.453.984 евра, покажуват податоците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

    За 6 месеци пензионерите уплатиле 900.000 евра за членарина и 4,5 милиони за посмртнина

    Анализата на „Пари.мк“ покажа дека, додека за парите во Солидарниот фонд математиката е јасна, многу често пензионерите негодуваат за тоа каде одат парите од членарината. А износот не е мал. За 6 месеци се собрани над 900.000 евра. Притоа, како што покажува статистиката на Фондот за ПИОМ, околу 15-тина илјади пензионери месечно не уплатуваат членарина.

    КАДЕ ОДАТ ПО 30 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ОД СЕКОЈ ПЕНЗИОНЕР?

    Во Сојузот на здруженија на пензионери членуваат 53 здруженија. Тие работат и спроведуват ативности со парите од членарината и како што може да се види од статистичките податоци на Фондот за ПИОМ,  располагаат со 916.924 евра за 6 месеци, или во просек по 152.820 евра месечно сите заедно, односно по 2.500 евра во просек по пензиско здружение плус пари што остануваат за заедничи активности во „централата“.

    – За членување на пензионерот во здружение, на доброволна основа, се издвојуваат 30 денари кои СЗПМ ги води на посебна сметка и постапува врз основа на акти на Одборот на Регистрираната организација. Од овие средства  на сметките на 53-те здруженија на пензионери секој месец се префрлуваат по 27,50 денари според бројот на неговите членови, а 2,50 денари се издвојуваат за заедничките активности во Сојузот – информираше Станка Трајкова, претседателка на Сојузот на здруженијата на пензионерите.

    Сметките на пензиските здруженија се честа мета на критики. Многу пензионери велат дека ништо не гледаат од тоа што годишно одвојуваат по 360 денари. Во јавноста може да се слушнат, а и прочитаат критики за недоволна транспарентност на здруженијата, така што едни исти пензионери користат привилегии, Упатените информираат и дека има многу богати здруженија кои „акомулирале“ големи пари на сметките.

    Трајкова со отворено писмо до јавноста одговори на тоа каде се трошат парите:

    „Со оглед на тоа дека во јавноста се наметна прашањето за кои намени во  овие услови  на пандемија се трошат средствата од членарината, согласно со наведената одлука и статутите на здруженијата, средствата се користат за социјално-хуманитарни (за пензионерите со ниски примања), солидарни, културни, спортски и други активности. Еве само некои од тие активности: давање парична помош; социјални пакети или ваучери за набавка на одредени прехранбени артикли; помош за здравствени потреби (набавка на лекови, за бањско лекување, за набавка на ортопедски помагала, хируршки интервенции и сл.), помош за набавка на огрев; покривање на дел на штети предизвикани од елементарни незгоди и несреќи и слично; колективен превоз во јавниот сообраќај; рекреативни патувања; одржување и реновирање на пензионерските домови, билети за групна посета на културни манифестации, отворање пензионерски клубови и нивно одржување и слично“ – напиша Трајкова и информираше дека:„што се однесува до надоместоците на избраните лица, тие со Одлуката се утврдени со дикција „до“ започнувајќи до 2.000 денари и највисокиот износ изнесува до 15.000 денари, земајќи го како критериум бројот на пензионерите-членови на здружението“.

    Од Созјузот информираат и дека речиси во сите здруженија низ државата постојат клубови на пензионери оформени од самите здруженија, но многу често и со поддршка на локалната самоуправа и општините. Нивниот број е околу 450 клуба од кои околу 50 се на подрачјето на Скопје. Клубови има во градовите, но и во руралните средини.

    СОЛИДАРНИОТ ФОНД СЕ ВРАТИ ВО КОНДИЦИЈА

    Во изминатиов период, пензионерите реагираа и дека членарината се условува со придонесот за солидарниот фонд, односно дека тие одат заедно „во пакет“. Според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, на корисник на пензија, со негова согласност, му се запира дел од пензијата за обезбедување на средства потребни за исплата на посмртна помош за членовите на неговото семејство и за членување во здружение на пензионери.

    „Издвојувањето на посмртната помош и членарината се врши од пензијата на корисникот на пензија, месечно, при исплата на пензијата, освен од семејната пензија на дете остварена по основ на школување“, пишува во Законот.

    Во истиот член, во став 2 е објаснето: „ Висината на задршката за посмртна помош и членарина, висината на исплатата за посмртна помош во зависност од акумулираните средства и смртноста на корисниците на пензија, начинот на распределба на членарината, начинот и постапката за исплата на посмртната помош на корисниците на пензија од средствата на солидарниот фонд во единствен износ за сите корисници на пензија, како и начинот на располагање со слободните а неискористени средства од посмртна помош, со акт ги утврдува регистрирана организација на сојузите на здруженијата на пензионерите“.

    Сојузот на здруженијата на пензинерите во своите одлуки што ги објавува во Службен весник не го менуваше износот на чланарината и тој остана ист – 30 денари, но  вршеше промени на износот за солидарен фонд:  од 2017 тој износ беше 130 денари, па потоа два пати се корегираше поради зголемениот износ на починати пензионери во време на панденијата, еднаш на 140 и потоа на сегашните 150 денари. Но со времена одлука, од 1 февруари до 31 јуни, се намали износот што се исплатува за посмртнина од 30.000 на 25.000 денари со право дополнително да се доплатат по 5.000 денари. Сепак, со образложение дека после март 2022 година се смири пандемијата, како и бројот на починати корисници на пензија, на 914 во април и на околу 800 во мај, Одборот донесе Одлука со која посмртната помош се врати на 30.000 денари. Се одлучи и постепено да се почне со исплата на разликата од 5.000 денари на примателите на посмртна помош на кои им беа исплатени 25.000 денари, според редоследот на поднесените барања и во зависност од расположливите средства, со важност од исплатата на јулската пензија.

    Целата анализа е достапна на ПАРИ