×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЗНМ: Драматичен пораст на напади кон новинарите

    02.11.2020 13:06 | KumanovoNews

    Од почетокот на оваа година до овој момент бележиме вкупно 14 напади и груби закани кон новинари од кои повеќе од половината се кон новинарки, објави Здружението на новинари (ЗНМ).

    ЗНМ: Драматичен пораст на напади кон новинарите

    Споредбено, минатата година вакви инциденти имало четири што значи дека оваа година нападите и заканите се три пати повеќе. Иако физичките напади се намалени сепак загрижува фактот дека се повеќе закани по животот кон новинарите се забележуваат на социјалните мрежи. Во оваа насока, дополнителни напори треба да вложи и МВР со санкционирање на сторителите, а за посериозните случаи да бара од ОЈО да покренува кривични постапки.

    По повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите ЗНМ денеска апелираше до јавноста и до политичките партии дека професионалните новинари не треба и не смеат да бидат напаѓани поради вршење на нивната професија. 

    Втората порака беше упатена до Основното јавно обвинителство со барање сите напади  и закани врз новинарите и медиумските работници итно да се процесуираат. На овој начин ќе се придонесе кон заштита на демократијата во земјава.

    „Бараме во следниот период Министерството за правда да направи измени во Кривичниот законик. Со измените треба да се прошири надлежноста на обвинителството да постапува по службена должност по кривични дела поврзани со напади и закани на новинари и да се зголемат казните кон напаѓачите. Во исто време од ОЈО бараме да формира посебно одделение кое ќе ги гони напаѓачите на новинарите“, истакна Младен Чадиковски,  претседател на ЗНМ.

    Новинарите и медиумските работници играат клучна улога во нашата земја како чувари на јавниот интерес, а новинарската професија е важен дел на секое демократско општество. Оваа година споредбено со минатите, новинарите често се соочуваат со вербални и физички напади само поради вршење на своите професионални обврски, додека насилниците остануваат неказнети. Важно е да се истакне дека неказнивоста неминовно води кон самоцензура, го ограничува просторот за слободни медиуми и ја лишува јавноста од правото да биде информирана.