Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сведоци сме на секојдневно непочитување на законските прописи, на ГУП и ДУП, просторните планови, застарена или необезбедена планска документација, дивограби и натрупани проблеми, кои се причина за тргување со влијание и коруптивни дејствија.
Фото: commons.wikimedia.org
За да ја согледаме состојбата во урбанистичката сфера во Куманово и Крива Паланка, Кумановоњуз спроведува анкета преку која би сакале да го дознаеме вашето мислење, но и вашето искуство при остварувањето на правото за градба и домување.
Целта ни е да истражиме дали навистина има корупција во институциите и кој ја стимулира, или, пак, тоа е само погрешна перцепција на граѓаните, наспроти службите кои работат најпрофесионално и согласно законот.
За да го споделите вашето искуство, пополнете го овој формулар (Податоците што ќе ги внесете се доверливи и безбедни и вашата анонимност ќе биде зачувана доколку така сакате)