×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Антиваксерска дезинформација шири паника дека вакцинираните со мРНА вакцина ќе починат од срцева слабост

    27.07.2021 09:09 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Објава на Фејсбук дезинформира дека спајк протеинот од вакцината мРНА може да предизвика тромбови во крвотокот, што ќе доведе до смртни последици. Спајк протеинот од вакцината и спајк протеинот на коронавирусот не се исти. Тоа го потврдуваат медицински експерти докажани во својата работа. Така што, тврдењето дека вакцинираните против ковид-19 ќе починат за неколку години не е ништо друго освен уште една антиваксерска дезинформација

    Антиваксерска дезинформација шири паника дека вакцинираните со мРНА вакцина ќе починат од срцева слабост

    Пост на Фејсбук шири паника дека вакцинираните против ковид-19 ќе починат за неколку години. Ваквите тврдења се темелат на лажни и непроверени информации.

    Постот прашува:Зошто се молчи и не се демантира, туку се цензурира?“ споделувајќи напис со наслов: „Доктор предупредува – Вакцинираните ќе умрат од срцева слабост за неколку години“.

    Споделениот текст е од страницата „Футв.медиа“ која е позната по ширењето теории на заговор и лажни вести поврзани со пандемијата против ковид-19, а „Вистиномер“ во неколку наврати има дебанкирано нејзини вести.

    Написот се повикува на тврдења на д-р Чарлс Хофе, лекар во Британска Колумбија, Канада. Д-р Хофе во неколку наврати има тврдено дека вакцините против ковид-19 биле причина за смртни последици на неколку негови пациенти, но ова било демантирано од страна на официјалните здравствени власти на Британска Колумбија.

    Она што Хофе го изнесува во текстот којшто го анализираме е тврдењето дека неговите пациенти, кои примиле мРНА вакцина (Фајзер или Модерна), добиле затнати капилари кои подоцна ќе предизвикале сериозни кардиоваскуларни проблеми.

    Снимките од мРНА се програмирани да го претворат телото на една личност во „фабрика“ на протеини со шила, и Д-р. Хофе продолжува да кажува дека со текот на времето оваа произведена маса на шилести протеини ќе предизвика прогресивно згрутчување на крвта. Не помалку од 60 проценти од луѓето кои примаат мРНА инекција ќе страдаат од овие тромби и, на крајот, огромното мнозинство ќе заврши под земја поради штетата што ја предизвикува, се наведува во написот.

    Тврдењето дека спајк протеинот по вакцината и спајк протеинот на  вирусот ковид-19 е ист, е дезинформација, а тоа д-р Драган Даниловски го објасни за „Вистиномер“.

    Според него, преку вакцината не влегува материјален ентитет, односно спајк протеин во организмот.

    Инструкцијата за неговото производство во форма на мРНК, доаѓа само во цитоплазмата односно рибозомот, а не во јадрото на нашите клетки. И тој спајк протеин што ќе го произведе клетката, (рибозомот, т.н. фабрика за протеини), воопшто не е ист со оној на вирусот. Автоматски не ги поседува ниту својствата на оригиналниот спајк протеин. Тој само „личи“ на оригиналниот и има само антигено својство – да провоцира имун одговор. Дури и кога би бил сосема идентичен со оригиналниот спајк протеин (а не е), овој што се произведува со давање на вакцината е во 100.000 пати помала концентрација од онаа што ја произведува вирусот самиот, потребна да направи штета, посочува професор Даниловски.

    Ставот на Даниловски го делат и други медицински експерти. Џејсон Мекелан, структурен биолог на Универзитетот во Тексас во Остин, кој со години ги проучувал шилестите протеини во други коронавируси и чија работа била основна за развојот на вакцините против ковид-19, во изјава за Фактчек.орг нагласува дека Спајк протеинот не е патоген и тој не е отров.

    Доктор Давид Горски објаснува дека вакцината против ковид-19 може да штити не само од инфекција со Сарс Ков 2, туку и против повреди од спајк протеинот!

    мРНК или аденовирусот од вакцината не се дистрибуира екстензивно, затоа што инјекцијата се дава во мускулот на рамото. Спајк протеинот е многу веројатно дека нема да биде во концентрации ни оддалеку слични на oние што се создаваат во моделите од експериментите. Спајк протеинот од вакцината не се закачува за вирусната честичка, туку си постои како единечна протеинска молекула. И на тоа додадете го фактот дека модифицираната мРНК во вакцината не се задржува многу долго во телото и не генерира спајк протеин долго време, пишува Горски.

    Тврдењето дека спајк протеинот од вакцината мРНА може да предизвика тромбови во крвоткот што ќе доведе до смртни последици е класична дезинформација. Спајк протеинот од вакцината и спајк протеинот на коронавирусот не се исти, а тоа го потврдуваат медицински експерти докажани во својата работа. Така што, тврдењето дека вакцинираните против ковид-19 ќе починат за неколку години не е ништо друго освен антиваксерска дезинформација.

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар