×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Апсурдни тврдења дека вакцинираните го добиваат коронавирусот со вакцината, а потоа го шират

    12.10.2021 08:04 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Факт е дека ниту една одобрена вакцина против ковид -19 не содржи вирус. Наспроти тврдењето во постот, ниту вакцинираните добиваат вирус преку вакцината, ниту се поопасни од неимунизираните. Научен факт е дека вакцинираните многу побрзо го елиминираат вирусот, а доколку се разболат, имаат помал ризик да развијат тешка форма на болеста и хоспитализација

    Апсурдни тврдења дека вакцинираните го добиваат коронавирусот со вакцината, а потоа го шират Фото: freepik.com

    Фејсбук објава обвинува дека вакцинираните го шират коронавирусот преку вакцината. Постот е полн со дезинформации и дава сосема искривена слика за вакцините против ковид-19 и за самиот процес на имунизација.

    Неточно е тврдењето дека невакцинираните се загрозени од луѓето кои се целосно имунизирани, односно примиле две дози вакцини. Повеќе научни студии докажаа дека и вакцинираните и невакцинираните го шират коронавирусот, но примарна опасност за преноссе невакцинирните.

    Директорката на американскиот Центар за контрола и превенција на заразни болести, Рашел Валенски изјави дека нивните истражувања откриле оти количината на вирус присутна кај вакцинираните лица заразени со делта е слична на нивото откриено кај невакцинираните лица. Меѓутоа, „огромното ниво на преносливост, појавата на тежок облик на болест, хоспитализација и смрт се случува речиси исклучиво кај невакцинирани лица“.

    Раните докази сугерираат дека инфекциите кај целосно вакцинирани лица предизвикани од варијантата Делта на САРС-КоВ-2 може да се пренесат на други, меѓутоа, преносот на САРС-КоВ-2 помеѓу невакцинирани лица е примарна причина за продолжено ширење.

    Македонското министерство за здравство во последната анализа за раширеноста на вирусот и неговите последици по вакцинираните наспроти невакцинираните, пишува дека во период од 06.08 до 30.09.2021 на територија на државата, 35.531 граѓанин од тестираните се позитивни на ковид-19, од нив 23 отсто биле целосно вакцинирани, односно 8.233 лица.

    Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со  ковид-19. Според статистика за изминативе недели, 27.298, граѓани, односно 77 отсто од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79 отсто, додека само 21 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

    Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 30.09.2021 на територија на државата починале 1162 лица со ковид-19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15 осто примиле вакцина, информираа од Министерството за здравство.

    Наспроти реалната состојба, овој ФБ пост директно се обраќа до вакцинираните посочувајќи ги како одговорни за ширењето на вирусот, којшто наводно е внесен кај нив преку вакцината.

    Ова е уште едно од зачестените верување меѓу одредени групи на луѓе кои сметаат дека со вакцината здрави луѓе се инфицираат со коронавирусот.

    Меѓутоа, факт е дека ниту една одобрена вакцина против ковид -19 не содржи вирус.

    Во информативниот дел за корона вирусот, Центарот за контрола и превенција на заразни болести на САД изнесува неколку факти за вакцините со вирусни вектори:

    Овие вакцини не можат да пренесат ковид-19 или други инфекции.Тие не влијаат ниту комуницираат со нашата ДНК на каков било начин.

    Според тоа, ниту вакцинираните добиваат вирус преку вакцината, ниту се поопасни од неимунизираните. Научен факт е дека вакцинираните многу побрзо го елиминираат вирусот, а доколку се разболат, имаат помал ризик да развијат тешка форма на болеста и хоспитализација.

     

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар