×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Доктор неточно тврди дека вакцините против ковид-19 се експериментални

    24.12.2021 09:03 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Вакцините кои се користат во Северна Македонија  не се експериментални. вакцината на „Фајзер“ стана првата вакцина во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови. Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри и вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“, како што може да се види од официјалната страница на Агенцијата. Светската здравствена организација (СЗО) ја има одобрено вакцината на „Синофарм“ на 7 мај 2021 а „Синовак“ има дозвола  од 1 јуни 2021 година. Научно е докажано дека вакцината спасува животи и засега е единстевеното ефикасно средство за борба против коронавирусот

    Доктор неточно тврди дека вакцините против ковид-19 се експериментални

    Докторот по општа медицина од Радовиш на протестот во Битола одржан на 19 декември, вакцините против ковид-19 ги нарече експериментални.

    Патот до пеколот е поплочен со добри намери. А, добрите намери се вакцинирајте се и ќе ви биде добро. Да, ама не со експериментална вакцина. Ние не сме експериментални глувци. Ние сме луѓе, кои имаме право на збор. А правото на збор е право на избор, вели д-р Атанас Атанасов на протестот во Битола (од 4.30 минута од видеото).

    Тврдењето дека вакцините против ковид-19 се експериментални е неточно, а со јавно изнесениот став докторот застанува против вакцинацијата, која е научно докажано и потврдено средство против вирусот, од кој досега починаа 5.38 милиони луѓе во светот. Во Македонија од ковид-19 досега починале 7.838 луѓе (Worldometers, 21.12.2021)

    Како што веќе пишуваше Вистиномер, во август 2021 година, вакцината на „Фајзер“ стана прва во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови. Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри и вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“, како што може да се види од официјалната страница на Агенцијата. Светската здравствена организација (СЗО) ја има одобрено вакцината на „Синофарм“ на 7 мај 2021 а „Синовак“ има дозвола од 1 јуни 2021 година.

    Издавањето на дозволата значи дека вакцините се според стандардите на ЕУ за безбедност, ефикасност и квалитет, дека се произведени во одобрени, сертифицирани објекти и фабрики, со сите фармацевтски стандарди.

    Процесот на одобрување на една вакцина минува низ повеќе фази, безбедносни проверки и научни и клинички испитувања.

    Вакцините за ковид-19 беа развиени брзо, затоа што научниците имаа добар почеток. Технологијата веќе постоеше и нејзиното користење за да се развие вакцина за нов вирус стана меѓународен приоритет, во што беа вложени милијарди долари за да се достигне безбедна употреба со цел да се спасат животи.

    Регулаторите рационализираа некои чекори во процесот на одобрување, но вакцините, сепак, мораа да ги исполнуваат ригорозните стандарди за безбедност и ефективност на FDA. продолжува внимателно да ги следи сите негативни реакции, пишува во анализата на американската Мејо клиниката (САД).

    Технологијата на mRNA, која се употребува во одобрените вакцини против ковид-19 постои веќе подолго време. Испитувања на вакцините за рак со користење на истата mRNA технологија се одвиваат барем од 2011 година.

    Ако имаше вистински проблем со технологијата, сигурно ќе го видевме досега. Бидејќи технологијата може да се користи исклучително брзо, а клиничките испитувања беа толку успешни, платформите на mRNA ќе бидат важно средство за подготовка за идни епидемии, изјави Мишел Голдман, професор по имунологија и основач на Институтот за интердисциплинарни иновации во здравството на Универзитетот „Либре де Бруксел“ во Белгија.

    Вакцините со вирусни вектори се испитуваат со години за други болести, вклучувајќи и ХИВ.

    Вакцините на „Џонсон и Џонсон“ и „АстраЗенека“ се вакцини со вирусни вектори, тип на вакцини што се користат и за време на епидемии на ебола, како и во студии за болести вклучувајќи грип, Зика и ХИВ, покажа проверката на факти на Ројтерс.

    Но, и покрај одобрувањето, стандардна практика е безбедносното следење да продолжи и понатаму. Па, затоа се собираат дополнителни податоци околу времетраење на заштитата од ковид-19 и ефикасност против асимптоматска инфекција од SARS-CoV-2.

    За тоа како вакцините се тестираат, лиценцираат и надгледуваат во делот на безбедноста е објаснето од Проектот за знаење за вакцини на Универзитетот Оксфорд.

    Според тоа, ниту вакцините кои се користат во С. Македонија се експериментални, како што тврди говорникот во видеото од протестот во Битола, ниту ние сме експерментални глувци. Како што многупати до сега сме кажале, вакцинацијата против ковид-19 не е задолжителна, односно се прима на доброволна база. Научно е докажано дека вакцината спасува животи и засега е единстевеното ефикасно средство за  борба против коронавирусот.

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар