×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фаучи не изјавил дека не треба да се носат маски додека доминираше делта сојот на ковид-19

    09.02.2022 09:48 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Оваа изјава навистина ја дал Фаучи, но не е точно дека тој го кажал ова додека делта сојот на коронавирусот преовладуваше во светот. Изјавата на Фаучи e дадена на 8 март 2020 година и не го претставува неговиот моментален став за носењето заштитни маски. Петличковски, пак, изјавата за носењето маски ја дал на 4 февруари 2022 година, во контекст на варијантата омикрон која моментално е најдоминанта

    Фаучи не изјавил дека не треба да се носат маски додека доминираше делта сојот на ковид-19 Фото: Принтскрин видео

    Фејсбук објава тврди дека претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, е „опасен по здравјето на населението“, затоа што изјавил дека треба да се носат маски за луѓето да се заштитат од ширење на омикрон сојот на ковид-19. Ова тврдење се базира на информација која е невистинита.

     

    Особите како Петличковски се опасни по здравјето на населението.

    – Петличкоски – маските не треба да ги фрламе. (Слика 1)

    – Контра аргумент од неговиот шеф.  Фаучи спротивно на Петличкоски. Изјавата е дадена за време на делта сојот кој според нив,  е многу по опасен од омикронот. Ако тогаш маските не биле функционални А НЕ БИЛЕ, НЕ СЕ НИ СЕГА. Зошто Петлево  сеуште препорачуват маски ?

    Фаучи – “МАСКИТЕ НЕ ШТИТАТ” – (видео)

    За да се поткрепи тврдењето дека не треба да се носат маски, во објавата на манипулативен начин е искористена изјава на главниот американски виролог Ентони Фаучи. Изјавата во која што Фаучи вели „нема причина да се шетате со маска“ е споделена во постот како кратко видео. Оваа изјава навистина ја дал Фаучи, но не е точно дека тој го кажал ова додека делта сојот на коронавирусот преовладуваше во светот. Изјавата на Фаучи e дадена на 8 март 2020 година и не го претставува неговиот моментален став за носењето на заштитни маски. Делта варијантата на коронавирусот првпат беше идентификувана во Индија кон во октомври 2020 година. До средината на декември, оваа мутација стана доминантната варијанта на САРС КоВ-2, и сочинуваше повеќе од 99% од случаите на ковид-19 (во тоа време) и доведе до огромно зголемување на хоспитализациите во некои држави.

    Петличковски изјавата за носењето маски ја дал на 4 февруари 2022 година, во контекст на варијантата омикрон која моментално е најдоминантата варијанта и која што е многу позаразна и од делта сојот.

    Фаучи го дал коментарот за носење маски во интервју за емисијата „60 минути“ на 8 март 2020 година, за време на раните фази на избувнувањето на коронавирусот во САД.

    Интервјуто е дадено пред ажурираните упатства на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) за употреба на заштитни маски на лицето. На 3 април 2020 година, ЦДЦ го ажурираше својот претходен совет и им препорача на луѓето да носат платнени покривки за лице „во јавни места кога се околу луѓе надвор од нивното домаќинство, особено кога мерките за социјално дистанцирање тешко се одржуваат“.

    Фаучи за Вашингтон пост на 24 јули 2020 година изјави дека на почетокот на пандемијата со ковид-19, маските не се препорачуваат за пошироката јавност, бидејќи властите се обидуваа да спречат недостиг од маски за здравствените работници, а степенот на асимптоматско ширење на вирусот тогаш беше непознат.

    Како што поминуваше времето и како што стануваа достапни повеќе информации за коронавирусот што ја предизвика светската пандемија, здравствените власти и организациите ширум светот го променија својот став за употребата на заштитните маски и за ширењето на болеста. Маски задолжително треба да се носат во јавни затворени простории и препорачливо е да се носат секаде каде што не може да се одржува дистанца од минимум два метра.

    На 17 јануари оваа година, Фаучи изјави го опиша како „многу вознемирувачки“ отпорот против „нормалните, лесно разбирливи“ мерки за јавно здравје поврзани со ковид-19 како што се вакцинација и носење маски.

    На виртуелна сесија на Светскиот економски форум, Фаучи рече:

    Многу е вознемирувачко, верувам за сите нас како службеници и научници за јавно здравје, таков степен на потиснување на редовните, нормални, лесно разбирливи мерки за јавно здравје. Вие правите вирусот да има предност кога не ги спроведувате, на унифициран начин, сите добро признати мерки за јавно здравје, изјави Фаучи.

    Во постот се тврди дека дека Фаучи му е шеф на Петличковски, што исто така е невистина. Фаучи е дел од администрацијата на САД, а Петличковски дел од администрацијата на Северна Македонија. Станува збор за две суверени и независни држави и во никој случај и по ниту една основа Фаучи не може да му биде шеф на Петличковски.

    Коронавирусот, кој веќе две години е присутен во целиот свет, се шири преку респираторните капки што луѓето ги исфрлаат кога зборуваат, кашлаат или киваат… Тие, доколку се носат правилно и се комбинираат со други заштитни мерки, помагаат да се спречи ширењето на коронавирусот. Маските се важен фактор при борбата со пандемијата на ковид-19 и затоа е неодговорно да се пропагира да не се носат заштитни маски, бидејќи со тоа може да се предизвика штета на јавното здравје.

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар