Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Не е познато од што настапила смртта на жената, а самиот факт што таа објавила фотографија на својот Фејсбук профил од редица луѓе кои чекаат за вакцинација на пунктот во салата Борис Трајковски, не е показател дека починала од вакцина. Но, наспроти тоа што нема докази дека смртта настапила како резултат на вакцина, овој манипулативен пост со паушални тврдења наменски креира погрешна слика во јавноста, а сè со цел да ги одврати луѓето да не се вакцинираат и да му наштети на процесот на имунизација
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се злоупотребува смртта на жена, за која без никаква медицинска основа, без никаква документација, без никаков доказ дека била вакцинирана, се инсинуира дека нејзината смрт настапила поради самата вакцина.
За таа цел се искористени две фотографии, една фотографија на која се гледа редица луѓе пред вакциналниот пункт во салата Борис Трајковски и втора фотографија каде се гледа дека некој член на семејството на жената информира дека таа починала и ја испраќа во вечното почивалиште со емотивни зборови.
Авторот на постот што го рецензираме прави компилација, односно колаж од овие два поста и пишува:
Обратете внимание на датумот. Не им текнува дека е од вакцината, ова е истата личност.
Од датумите на постовите е евидентно дека разликата меѓу фотографиите е месец и половина, но тоа воопшто не значи дека нечија смрт може да се поврзе со вакцината. Особено, затоа што не се знае како последица на што точно настапила смртта за што, пак, може да има бројни причини. Комплетно неосновано е само врз основа на фактот што некој починал, да се инсинуира дека тоа е од вакцината, без за тоа да постојат какви било сознанија.
Дури ни семејството на жената, како што се гледа од првата фотографија во постот, при нејзиното испраќање во вечното почивалиште воопшто не ја споменува причината за смртта. А, уште помалку ја споменува вакцината, ковид или што било друго, како што тоа се прави во неумесниот пост – предмет на нашата рецензија.
Така што, не е познато од што настапила смртта на жената, а тоа што таа објавила фотографија на својот Фејсбук профил од редица луѓе кои чекаат за вакцинација на пунктот во салата „Борис Трајковски“, не е показател дека починала од вакцина. Но, наспроти тоа што нема докази дека смртта настапила како резултат на вакцина, овој манипулативен пост со паушални тврдења наменски креира погрешна слика во јавноста, а сè со цел да ги одврати луѓето да не се вакцинираат и да му наштети на процесот на имунизација.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар