×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не е точно дека на секои 100 години има пандемија како план за депопулација

    08.10.2021 08:26 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Големата чума во Франција не е пандемија, другите примери на пандемија наведени во постот не се случиле точно во годините што се посочуваат, туку порано или подоцна 3 години. Исто така, во меѓупериодот од 1720 до денеска имало голем број други пандемии, кои не се споменати во оваа објава на Фејсбук. Постот селективно прикажува само некои податоци со цел да се претстави наводна теорија на заговор за депопулација на населението

    Не е точно дека на секои 100 години има пандемија како план за депопулација

    Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека болестите, односно епидемиите на заразни болести, коишто се случуваат во светот на секои 100 години, не се случајност, туку претставуваат план за намалување на бројот на светската популација, односно намерно истребување на луѓето од планетата Земја. Во постот се набројува дека во 1720 година имало чума, во 1820 година имало колера, во 1920 година шпански грип, а во 2020 година корона.

    Уште ли мислите дека ова е случајност мили мои? Не, се лажете, оваа е се испланирано ,,чистење” и проретчување на светот на секои 100 години, а организирано од синовите на Луцифер-Црното племство, се заклучува во постот што го рецензираме.

    Интересно е тоа што во меѓупериодот од 1720 до 2020 година, во повеќе различни временски периоди, а не на секои 100 години, се појавуваат различни болести кои земаат голем број животи. Тоа што во постот се издвоени само тие што се случувале на секои 100 години, иако не е точно дека се случувале прецизно на секои 100 години, е одбирање само на неколку со цел да се презентира наводниот светски заговор. Големата чума на Марсељ во Франција убила вкупно 100 илјади луѓе, во период од  две години, значи до 1722 година. Странски проверувачи на факти посочуваат дека  голмата чума не е пандемија бидејќи најголем број случаи биле во Франција.

    Колерата, пак, која во постот што го рецензираме се споменува како да настанала во 1820 година, а има потекло многу порано. Официјалните податоци говорат дека првата пандемија на колера се појавува во Индија во 1817 година, со потекло од контаминиран ориз. Нема податоци кога точно колерата прво ги афектирала луѓето. Сепак, од рани текстови од Индија од петтиот век пред нашата ера, и од текстови од Грција, се гледа дека имало изолирани случаи на болест која личи на колера уште пред нашата ера. Еден португалски историчар опишал пандемија во пролетта 1543 година, во Индија, Бангладеш и Азија. Локалните жители ја нарекувале болеста ,,морикси” и според извештаите, за 8 часа од симптомите пациентот умирал. Стапката на смртност според записите била толку висока што локалните жители мака мачеле како да ги закопаат починатите. Наредните векови, во Индија и Португалија, Франција и Британија, имало други случаи на колера.

    Во шест последователни пандемии починале милиони луѓе ширум сите континенти, според Светската здравствена организација. Седмата пандемија на колера почнала во Азија 1961 година, стигнала до Африка во 1971 година (значи потребни биле 10 години) а во Америка во 1991 година. Според СЗО, колерата сега е епидемија во многу земји. Колерата ако не се третира за неколку часа може да доведе до смрт. Секоја година во светот има меѓу 1.3 до 4 милиони случаи на колера и меѓу 21 илјада до 143 илјади смртни случаи од оваа болест. За да се спречи нејзиното ширење клучно е да има чиста вода и санитарии, бидејќи се шири во водата.

    Наспроти тврдењето во постот дека шпанскиот грип потекнува од 1920 година, тој потекнува од 1918. Најраниот документиран случај е во март 1918 година во Канзас САД, а потоа имало случаи во Франција, Германија и Велика Британија. За две години, третина од светското население или проценето околу 500 милиони луѓе биле инфицирани во четири последователни бранови.

     

     

    Зошто се случуваат пандемии?

    Според глобалната алијанса за вакцинација ГАВИ, и покрај напредните техники во медицината и науката, потенцијалот денеска болест да се рашири е, всушност, повисок, а со тоа и ризикот болеста да ескалира од епидемија во пандемија. Масовната глобализација и поврзаност, занчи дека и болестите може да патуваат од еден до друг крај на светот. Според ГАВИ, има поголем ризик од пандемии зашто луѓето патуваат повеќе отколку во минатото, исто така, поради глобализацијата, климатските промени, повеќе контакти меѓу луѓето и животните отколку во минатото и поради тоа што има намален број на здравствени работници. Повеќе на оваа тема може да се прочита овде. 

    Поради горенаведените факти, односно поради тоа што големата чума во Франција не е пандемија, а другите примери не се случиле точно во годините што се посочуваат, туку порано или подоцна 3 години, но и поради тоа што во меѓупериодот од 1720 до денеска имало голем број други пандемии кои не се цитирани во постот, истиот го оценуваме како изваден надвор од контекст со цел да се претстави наводна теорија на заговор за депопулација на населението.

    (Тука може да ги погледнете другите пандемии во историјата кои не се споменати во постот.)

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар