×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Омикрон варијантата на коронавирусот не означува команда за срцев удар

    20.01.2022 20:46 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Методата искористена во постот што го рецензираме, да се земат првичните букви од два неповрзани поими (OMI и Cron) и базирано на нивните дефиниции да се тврди дека ќе добиете срцев удар, бидејќи сте вакцинирани, е во најмала рака манипулативна и без темел во реалноста. Светската здравствена организација почна да ги именува новите варијанти на ковид-19 според буквите од грчката азбука, за да избегне создавање јавна конфузија и стигма на некои држави. СЗО ги прескокна двете букви пред омикрон – „Nu” и „Xi”, што доведе до шпекулации дека за „Xi” причината е името на кинескиот претседател кој се вика Xi Jinping,  додека пак, „Nu” лесно може да се помеша со зборот „new“ – „нов“ на англиски

    Омикрон варијантата на коронавирусот не означува команда за срцев удар Фото: pixabay.com

    Постот што го рецензираме претставува комбинација на теорија на заговор испомешана со манипулација кон верските и религиозните чувства. Станува збор за тврдење објавено во пост на социјалната мрежа Фејсбук, во кое се вели дека името на новата варијанта на коронавирусот која што Светската здравствена организација ја прогласи за загрижувачка – омикрон, претставува всушност ,„команда дадена од компјутерски оперативен систем во однапред закажано време, во кое ќе ви биде даден срцев удар”.

    Според нелогичното тврдење во постот, омикрон командата се однесува само за неинформираните поединци кои примиле вакцина, а оној што ќе ја изврши командата е „демон”(?!)

    Дополнително, овој пост и ова тврдење се доведува во корелација со претходни тврдења изнесувани на оваа Фејсбук страница, во кои се вели дека од компјутер може да се даде команда и со употреба на 5Г мрежата да се усмртат луѓе по случаен избор.

    Сега името на новиот сој го потврдува тоа, вели авторот на постот и повикува да се покајат вакцинираните.

    Манипулацијата дополнително е „поткрепена“ со две илустрации. На првата од нив е испишана кратенката OMI, која на англиски, меѓу другите дефиниции, ја дава и онаа за Old Myocardial Infarction (еден од важните патолошки манифестации на ненадеен кардијак арест). Кратенката Cron пак, во втората фотографија се доведува во корелација со команда на оперативен систем.

    Коренот и потеклото на Cron, е од грчкиот збор хронос, што означува време. Им овозможува на корисниците да спроведуваат команди во одредени временски интервали преку програма којашто си работи во позадина без да бара интеракција со корисниците. Таа програма се нарекува Daemon. Забележуваме дека на англиски оваа компјутерска програма (Daemon) не се пишува на ист начин како што се спелува зборот демон (demon).

    Методата искористена во постот што го рецензираме, да се земат првичните букви од два неповрзани поими и базирано на нивните дефиниции да се тврди дека ќе добиете срцев удар, бидејќи сте вакцинирани, е во најмала рака манипулативна, без темел во реалноста. Но, токму такви се аргументациите на теоретичарите на заговори, кои цела пандемија ја поминаа во дезинформирање на јавноста за непостоечката поврзаност меѓу 5Г технологијата ивакцините, а сега и наводната смртност којашто би следувала по вакцинацијата. Целта е евидентна – да се заплашат вакцинираните дека ќе добијат кардијак арест од некаков анонимен компјутерски центар, а сето тоа базирано на името омикрон, како што се вика најновата варијанта на коронавирусот. Вакцините немаат во себе нанороботска технологија и „Вистиномер“ ова на широко го објасни во оваа рецензија. 

    Присуството на липидните наночестички во ковид вакцините не значи дека тие во себе може да содржат роботи или компјутери. Во случјот изразот „наночестички“ се однесува на многу ситни липидни капки коишто ја транспортираат вакцината и ги штитат вакциналните компоненти.

    Липидите се супстанци кои не се растворливи во вода како мастите. Липидните наночестички, всушност, се „возила за испорака“, кои ја штитат мРНК кога вакцината е инјектирана и ја транспортираат во вистинското место во клетките. Со нив не е поврзан ни чип ни компјутер, ниту, пак, некој може да издејствува срцев удар во вакциниран човек со компјутер. Освен тоа и дозата на вакцината е премала за во неа да влезе робот, чип, или што и да е што симболизира надворешна контрола на вакцинираните.

    И најмалата верзија на микрочипови е преголема за да може да помине низ иглата на вакцината. Микрочиповите кои обично се употребуваат за лоцирање на домашните миленичиња се со големина на едно зрно ориз. Ниту една од иглите кои се употребуваат за вакцинација нема толкав дијаметар за да овозможи внесување во телото на еден чип, макар и со големина на зрно ориз, вели доктор Вилбур Чен.

     

    Како омикрон варијантата на коронавирусот го доби своето име?

    Спротивно на сите инсинуации за демони, срцеви удари и надворешно предизвикување кардијак арест преку компјутер, варијантата омикрон го доби своето име на многу поздраворазумски, конвенционален начин. Светската здравствена организација почна да ги именува новите варијанти на ковид-19 според буквите од грчката азбука, за да избегне создавање јавна конфузија и стигма на некои држави. Не се препорачува коронавирусот да се врзува за географски региони. Иако први што ја октрија варијантата омикрон беа лекарите во Јужна Африка, сепак, вирусот не се нарекува „јужноафриканска варијанта“ туку омикрон, според петнаесеттата буква од грчката азбука.

    СЗО го објави системот за именување на коронавирус варијантите во мај минатата година.

    Системот за именување на варијантите ја прави јавната комуникација за варијантите полесна и незбунувачка. СЗО ги прескокна двете букви пред омикрон – „Nu” и „Xi”, што доведе до шпекулации дека за „Xi” причината е името на кинескиот претседател кој се вика Xi Jinping,  додека пак, „Nu” лесно може да се помеша со зборот „new“ – „нов“ на англиски. Добрите практики на СЗО за именување болести вклучуваат да се избегнува именување на болестите што би можело да навреди какви било културни, социјални, национални, регионални, професионални или етнички групи.

    Поради горенаведените факти оценуваме дека именувањето на омикрон варијантата на коронавирусот од страна на СЗО нема никаква поврзаност со двата термини коишто се инсинуираат во постот  и затоа го оценуваме како невистинит.

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар