×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Топ пет дезинформации за ПЦР тестовите во 2021 година

    24.12.2021 09:02 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Во 2021 година која изобилуваше со лажни вести поврзани со ковид-19, освен за самиот вирус и за вакцините, многу дезинформации се ширеа и за тестовите со кои се детектира коронавирусот. Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со пандемијата бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат не го шират вирусот на други луѓе. Затоа уште на самиот почеток на пандемијата СЗО апелираше на масовно тестирање и навремено изолирање на заболените. Во продолжение прочитајте ги петте најголеми дезинформации за тестовите кои го откриваат коронавирусот

    Топ пет дезинформации за ПЦР тестовите во 2021 година Фото: pixabay.com

    Пишува: Симона Атанасовска

     

    1. ПЦР тестот ќе ве зарази со вирусот

    ПЦР тестовите коишто се прават за да се детектира дали некоја личност е заразена со коронавирусот, не ги заразува со вирусот оние што се тестираат. Ова е теорија на заговор којашто подолго време се споделува и притоа ја заплашува јавноста. ПЦР тестот, кој се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19, е молекуларен тест одобрен од Светската здравствена организација (СЗО).

    Тестирањето е всушност земање на брис подлабоко од грло и нос со стапче со памучен врв, трае неколку секунди и е безбедно, како и секое друго земање брис коешто сите ние сме го правеле многупати досега. Потоа овој примерок под посебни услови се праќа на испитување во лабораторија.

    Овие тестови се безбедни и во никој случај не можат да ви наштетат, ниту да ве заразат со вирусот доколку не сте веќе заразени, а се најверодостоен начин да се дознае дали некој е моментално заболен.

     

    1. Со тестовите се повредува мозочната бариера и се краде ДНК

    Едно од најраширените тврдења за тестовите, чија цел е да ја уплаши и натера јавноста да не се тестира, е дека со тестовите се повредува мозочната бариера и дека со нив се краде ДНК.

    Стапчето за брис кое се вметнува во носот, треба да пробие низ повеќе слоеви ткиво и да пробие низ коската и во крвните садови за да стигне до крвно-мозочната бариера. Ова не се случува за време на тестирањето. При земањето брис, стапчето оди во пределот каде се спојуваат носот и грлото, т.е. во назофаринксот, а главната потешкотија е единствено неудобноста на пациентот.

    Исто така, неточно е дека со брисот се краде ДНК. За ова тврдење не постојат никакви докази од медицинската заедница.

     

    1. Со тестирањето се внесува чип

    Уште едно широко распространето тврдење е дека со ПЦР тестирањето се вградува микрочип.

    Молекуларните тестови, односно ПЦР тестовите ги бараат знаците на активната инфекција, а примерокот што се користи за ова тестирање е брис, кој се зема подлабоко од грлото со стапче со памучен врв. На овој памучен врв нема ништо друго освен памук. Нема никакви докази дека тестот за коронавирус е креиран заговор за да се имплантираат микрочипови кај пациентите.

     

    1. „Делумно“ нè вакцинираат преку земање брис 

       

    Фејсбук објави лажно тврдеа дека досега преку тестирањето за ковид-19, се вршела и делумна вакцинација на населението и тоа преку нано честички во мозокот на луѓето. Вистината е дека тестот за детекција на коронавирусот не е назална вакцина и со него не се допира мозокот. Всушност вакцините не функционираат на таков начин и нема никаква теоретска можност преку брис да се вакцинирате.

     

    1. Тестовите се отровни и канцерогени

    ПЦР тестот е само обично пластично стапче со памук на врвот, со кое се собираат примероци од носот и грлото и потоа се обработуваат во лабораторија. Ниту содржи отрови, ниту е канцерогено, како што тврдат теоритичарите на заговори.

    Оваа теорија потекнува од фактот што на некои од пакувањата на комплетите за тестирање пишува „стерилизирано во етилен оксид“, кој е канцероген. Но, иако е точно дека оваа хемикалијата се користи во гасовита форма за стерилизирање на тест брисевите, употребените количини се во рамките на безбедносните граници и се „ригорозно тестирани и се безбедни за редовна употреба“.

     

     


    Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар