×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зошто е важна третата „бустер“ доза и дали таа ќе нè заштити од омикрон?

    27.12.2021 08:16 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Без разлика дали сте здрави и сте решиле да примите бустер доза или сте некој кој е имунокомпромитиран и имате потреба од трета доза, овие дополнителни дози вакцини ќе обезбедат дополнителна поддршка на имунолошкиот систем, согласни се здравствените експерти. Без нив, луѓето може да бидат поподложни на ковид-19, што е особено загрижувачко бидејќи новите варијанти, како омикрон, широко циркулираат 

    Зошто е важна третата „бустер“ доза и дали таа ќе нè заштити од омикрон? Фото: pixabay.com - принтскрин колаж

    Пишува: Ана Анастасовска

     

    Бустер дозите на вакцините против ковид-19 сега се широкодостапни, а возрасните (и некои тинејџери) се охрабруваат да ја добијат дополнителната доза од вакцината.

    Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) препорачува бустер доза на вакцината „Фајзер“ за лица од 16 години па нагоре, доколку поминале шест месеци од нивната втора доза на вакцина против ковид-19. Бустер дозите на вакцината „Модерна“ се достапни и за лица над 18 години кои ја примиле втората доза на вакцина пред најмалку шест месеци. И официјалните претставници на јавното здравство велат дека секој што добил вакцина од една доза „Џонсон и Џонсон“ треба да добие бустер доза по два месеца. (Оние кои примиле „Џонсон и Џонсон“ може да добијат друга доза од истата вакцина или единечна доза од која било мРНК вакцина).

    За разлика од здравите возрасни лица чија заштита од вакцина почнува да слабее по шест месеци, третата доза одамна се препорачува за лицата кои се со намален имунитет. Тоа е затоа што истражувањата покажаа дека многу луѓе кои имале ослабен имунолошки систем не добиле целосна заштита од првите две вакцини против ковид-19. Тоа би можело да ги остави особено ранливи на вирусот, посебно кога повеќе заразни варијанти циркулираат во заедницата. Во овој случај, третата доза се смета за дел од почетната серија и најдобро е да се даде осум недели по втората доза.

    И Светската здравствена организација (СЗО) препорача луѓето кои имаат намален имунитет или примиле инактивирани вакцини против ковид-19 да добијат т.н. бустер доза за заштита.

    Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека омикронот може да го промени текот на пандемијата, но сè уште не е познато дали ќе го промени на подобро или на полошо.

    И во Северна Македонија се препорачува бустер доза за лицата со слаб имунитет и тоа три месеци по втората доза од кинеските вакцини и шест месеци по вотрата доза од вакцините „Фајезр“ и „Спутник В“. Кај нас како бустер доза засега се дава само вакцината на „Фајзер“.

     

    Бустер дозата и омикрон?

    Без разлика дали сте здрав и сте решиле да примите бустер доза или сте некој кој е имунокомпромитиран и имате потреба од трета доза, овие дополнителни дози вакцини ќе обезбедат дополнителна поддршка на имунолошкиот систем, согласни се здравствените експерти. Без нив, луѓето може да бидат поподложни на ковид-19, што е особено загрижувачко бидејќи новите варијанти, како омикрон, се појавуваат и циркулираат широко.

    Засилените дози вакцини против ковид-19 значително ја обновуваат заштитата од блага болест предизвикана од варијантата омикрон, делумно поттикнувајќи го инаку големиот пад на ефикасноста на вакцините, соопшти Британската агенција за здравствена безбедност, пренесува сајтот Вакцине.ба.

    Овие рани проценки треба да се третираат со претпазливост, но тие покажуваат дека неколку месеци по втората доза постои поголем ризик од инфекција со омикрон во споредба со делта, вели д-р Мери Ремзи, шеф на одделот за имунизација во УКХСА.

    Податоците сугерираат дека овој ризик е значително намален по бустерот, затоа ги повикувам сите да земат дополнителна доза кога ќе ги исполнат условите, додава таа.

    При анализа на 581 лице со потврдено присуство на омикрон, две дози од вакцината „Астра-Зенека“ или „Фајзер“ обезбедија многу пониско ниво на заштита од симптоматска инфекција во споредба со онаа што ја обезбедуваат против делта сојот.

    Меѓутоа, кога е дадено засилување со „Фајзер“, имаше приближно 70 отсто заштита од симптоматска инфекција за оние кои првично примаиле „Астра-Зенека“ и приближно 75 отсто заштита за оние кои примиле „Фазјер“.

    Доктор Злате Мехмедовиќ се согласува дека бустер дозата обезбедува ефикасност на претходните дози и заштита против новите соеви.

    Примањето на третата, бустер, доза, кај тие што веќе примиле две вакцини обезбедува ефикасност на вакцината којашто е еднаква на ефикасноста што вакцината ја имаше после две примени дози, кога беше во прашање оригиналниот, див сој од Вухан, а тоа беше ефикасност на ниво од 95 проценти, вели Мехмедовиќ.

    Двете дози вакцини против коронавирусот создаваат „ѕид“, а третата само го зајакнува „ѕидот“, објаснува тој.

    Третата бустер доза против коронавирусот е сосема доволна кога е во прашање омикрон варијантата. Постојат повеќе сценарија што може да ги предизвика омикрон мутацијата, која е прилично нова варијанта. Постојат не само можности за примање четврта доза, туку и можности за бустер доза која ќе биде адаптирана на омикрон варијантата. Сепак, омикрон сојот е нов сој и засега сè уште се следат неговите карактеристики – објасни д-р Мехмедовиќ за Канал 5 телевизија.

     

    „Фазјер“ и „Модерна“ најавија вакцини адаптирани на омикрон

    Вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против ковид-19, според податоците од тековни студии, по три дози покажува ефикасност против новата варијанта омикрон. Но, по две дадени дози, како што соопштија од двете компании, ефикасноста на нивниот препарат против новиот сој е намалена. Тековните лабораториски студии при две дози вакцина покажуваат значително намалено неутрализирачко дејство против омикрон. Иако, две дози веројатно сепак можат да пружат заштита од тежок тек на болеста, додека трета доза може да ја неутрализира вирусната варијанта. Податоците покажуваат, исто така, дека бустер дозата го зголемува нивото на неутрализирачки антитела за 25 пати во споредба со две дози.

    „Бионтек/Фајзер“ веќе работат на создавање специфична вакцина против омикрон и очекуваат дека ќе можат да ја завршат до крајот на март идната година, доколку за повисока и трајна заштита биде потребно соодветно приспособување.

    Компанијата „Модерна“ не очекува проблеми во развојот на бустер доза на вакцината за заштита од омикронската варијанта на коронавирусот, а би можела да почне да работи на неа за неколку недели, изјави извршниот директор Стефан Бансел, пренесе Ројтерс.

    Модерна се надева дека на почетокот на следната година ќе започне клинички испитувања на вакцината за заштита од омикрон кој брзо се шири, но во моментот се фокусираат на дополнителна доза од сегашната вакцина мРНК-1273.

     

    „Астра-Зенека“: Третата доза вакцина е ефикасна против омикрон

    Фармацевтскиот гигант Астра-Зенека тврди дека третата доза од нивната вакцина против ковид-19 значително го зголемува нивото на антитела против сојот омикрон, соопштија од оваа компанија.

    Според една лабораториска студија, „бустер“ доза од вакцината го неутрализира сојот омикрон на ниво слично на она по втората доза во случај на соеви делта, соопштија од компанијата. Нивоата на антивирусни антитела, исто така, беа повисоки кај оние кои примиле бустер вакцина отколку кај оние кои прележале ковид-19.

    Студијата ја спроведе Универзитетот во Оксфорд, кој ѝ помогна на оваа фармацевтска компанија да ја развие оваа вакцина минатата година.

     

     

     


    Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар