×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со лажни информации се плашат родителите да не ги вакцинираат децата против ковид

    Со лажни информации се плашат родителите да не ги вакцинираат децата против ковид

    мРНК вакцините не ја менуваат вашата ДНК на кој било начин и затоа не можат да предизвикаат рак. Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази. мРНК што се инјектира во вашето тело не комуницира со вашата ДНК. Откако мРНК ќе ја заврши својата работа, вашите клетки ја распаѓаат и расчистуваат од вашето тело. Нема трајни ефекти од мРНК во вакцината, пишува на официјалната страница за вакцинација на С. Македонија

    Ковид-19 не е лага, туку опасна болест

    Ковид-19 не е лага, туку опасна болест

    Светската здравствена организација потврди оти вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година во Кина. Дека коронавирусот е специфичен и посебен, не е измислен и дека афектира луѓе, покажува и фактот што сите земји во светот применуваат антиковид мерки за да се спречи неговото ширење. Според Институтот за јавно здравје, бројот на дијагностицирани од почетокот на пандемијата во земјата достигна 207.566, а починати се 7.276 лица 

    Во вакцините против ковид-19 нема живи паразити и полипи

    Во вакцините против ковид-19 нема живи паразити и полипи

    Научната јавност е децидна дека е невозможно паразити или кое било друго живо суштество, да постојат во вакцината против ковид-19. Водата и другите течности во вакцината се прочистуваат под строги услови, што спречува какви било паразити или други живи организми во вакцината . Вирџинија Сереин, истражувач во француската лабораторија CEMES и генерален секретар на Европското здружение за микроскопија, вели дека фотографиите кои се прикажуваат во ова видео „на никаков начин не се научен доказ“

    Лажно се инсинуира дека песна на Бијонсе стара 7 години, е поврзана со коронавирусот

    Лажно се инсинуира дека песна на Бијонсе стара 7 години, е поврзана со коронавирусот

    Постот изнесува дезинформација дека песната 7-11 е нова, иако таа е од 2014 година. Ниту графен оксид, ниту пуштање во воздух на коронавирус не може да биде дел од интерпретацијата на ова музичко дело и спотот, зашто станува збор за стар албум од 2014 година, кога немаше ковид. Во постот е испуштен контекстот затоа што вистински објавени промотивни материјали за истоимениот музички проект, се погрешно интерпретирани во контекст на ковид пандемијата, а со цел да се создаде конспирациска теорија која е целосно бесмислена

    Нема графен оксид во вакцините против ковид

    Нема графен оксид во вакцините против ковид

    Не е вистина дека вакцините против ковид содржат состојка графен оксид. Овој материјал не е наведен во составот на ниту една вакцина, самата компанија „Фајзер“ го негира неговото присуство во вакцината, а истражувањето посочено како извор во постот, е некредибилно и од него се дистанцира универзитетот Алмериа во Шпанија. Оваа дезинформација е побиена повеќепати досега, но сепак таа и натаму се шири на интернет просторот

    Овие 13 деца не починале од вакцина, туку во стампедо во Кенија

    Овие 13 деца не починале од вакцина, туку во стампедо во Кенија

    Графичкото видео, кое е вознемирувачко и се злоупотребува на социјалните мрежи, нема никаква врска со вакцинацијата. Тоа е снимено во февруари 2020 година во Кенија во градот Какамеда, кога 13 деца починаа во стампедо во основно училиште, а 40 беа повредени

    Со податоци извадени од контекст се шират дезинформации за ефикасноста на вакцините

    Со податоци извадени од контекст се шират дезинформации за ефикасноста на вакцините

    Во овој пост е споделен текст кој пренесува истражување направено од Лансет, кое, пак, погрешно се цитира без соодветен контекст. Самата студија, всушност, вели дека вакцините се ефикасни во спречување на хоспитализација и смртен исход, што е спротивно од она што се тврди во објавата на Фејсбук. Секое лице кое е вакцинирано, со која било вакцина, статистички може да развие дел од симптомите на вирусот. Ниту една вакцина не нуди 100 отсто заштита од симптоми на вирусот, туку тој процент варира помеѓу 50 и 99 отсто на заштита од заболување, во зависност од вакцината

    Вакцинацијата на децата против ковид не е кривично дело, туку слободен избор на родителот

    Вакцинацијата на децата против ковид не е кривично дело, туку слободен избор на родителот

    Во постот се изнесени повеќе неточни тврдења. Децата најчесто полесно го поминуваат ковид-19, но новата делта варијанта на коронавирусот покажа дека нема правила. Во земјава од ковид починаа и млади лица, на возраст од 15, 16 и 17 години. Во однос на тврдењето дека ризикот од сезонски грип е повисок од ризикот за ковид, според официјалните информации на ИЈЗ во сезоната 2020-2021, вкупниот број на заболени од сезонски грип изнесувал 539, што е за 92,5 проценти помалку во споредба со истиот период минатата сезона и 94,5 проценти помалку во однос на типичната сезонска крива. Исто така, не е вистина дека вакцините против ковид-19 се експериментални. Тие ги поминаа сите потребни фази на клиничките испитувања. Обемното тестирање и мониторирањето покажа дека овие вакцини се безбедни и ефикасни

    Нејасно видео шири дезинформации дека вакцините против ковид-19 содржат графен оксид

    Нејасно видео шири дезинформации дека вакцините против ковид-19 содржат графен оксид

    Видеото е нејасно и нема информации кога и каде е направена снимката, за кој пациент станува збор. Нема никакви факти кои би го поткрепиле тврдењето дека лицето чиишто бели дробови се на снимката е вакцинирано против ковид-19 и дека се најдени траги од графен оксид. Вакцините против ковид-19 не содржат графен оксид, составот на вакцините е јавно објавен на официјалните веб-страници на нивните производители, а истиот во форма на документи го има и на страницата ковид19вакцинација.мк

    Директорот на „Фајзер“ не бил уапсен на 5 ноември оваа година

    Директорот на „Фајзер“ не бил уапсен на 5 ноември оваа година

    Во постот што се шири на Фејсбук, а кој се повикува на текст објвен на сајтот „Тhe Conservative Beaver“, се тврди дека директорот на „Фајзер“ е уапсен на 5 ноември во неговиот дом во Њујорк. Написот е објавен истиот ден кога директорот на „Фајзер“, Алберт Бурла даде две интервјуа за проминентни и сериозни американски медиуми како „Си Ен Ен“ и „Си Ен Би Си“. На сајтот „Тhe Conservative Beaver“ може да се прочитаат мноштво некредибилни и невистинити приказни во кои секогаш се инволвирани луѓе од висок калибар за да се предизвика што поголемо внимание

    Вакцините против ковид не содржат отров

    Вакцините против ковид не содржат отров

    Вакцините се безбедни, ефикасни и развиени на безбедни платформи. Пред нивната апликација спроведени се низа тестирања од кои е утврдено дека придобивките од вакцината далекусежно ги надминуваат несаканите ефекти. На официјалната веб-страница за вакцинација во земјава може да се прочитаат состојките на сите вакцини кои се администрираат во С. Македонија

    Бизарна дезинформација е дека на Ноќта на вештерките ќе се изврши најмасовното жртвување на деца

    Бизарна дезинформација е дека на Ноќта на вештерките ќе се изврши најмасовното жртвување на деца

    Објавата е полна со неточни, недокажани информации, податоци кои немаат ниту научна основа, ниту логика и претставува збир од паушални и сензационалистички нафрлени теории на заговор кои подолго време се шират на интернет просторот. Вакцините против ковид-19 беа предмет на бројни тестирања и постојано се проверуваат. Тие се сигурни, покажуваат високо ниво на ефикасност во борбата со ковид-19 и засега се единствена надеж за да ѝ се стави крај на пандемијата

    Не е точно дека 70 проценти од вакцинираните заболеле од коронавирусот во Израел

    Не е точно дека 70 проценти од вакцинираните заболеле од коронавирусот во Израел

    Во Израел вакцинирани со 1 доза се 6.243.281 лица, со две дози 5.738.253 и со три дози 3.973.121 лице. Досега во Израел има регистрирано 1.331.519 случаи, што не е 70 проценти од ниту една од бројките погоре, било да се мисли на оние вакцинирани со 1 доза, со две дози или со три дози. Тоа може да се провери на веб-страницата на Министерството за здравство на Израел, каде има статистика на активни ковид случаи на 100 илјади жители, со нивниот вакцинален статус

    Не е дојден крајот на ковид пандемијата во Србија

    Не е дојден крајот на ковид пандемијата во Србија

    Пандемијата со ковид во Србија не е завршена, а такво нешто не се ни предвидува дека ќе се случи наскоро за целиот регион, особено поради зимскиот период кој ни претстои и во чиј пресрет веќе се регистрирани зголемени бројки на инфекции и хоспитализации. Само во последните 24 часа во Србија, според официјалните статистики на Министерството за здравство, регистрирани се 4.929 нови позитивни случаи. За само еден ден од коронавирусот во земјата, починале 65 лица. Хоспитализирани се 6.764 лица, а 281 пациент е на респиратор

    Лага е дека вакцината против ковид-19 била создадена пред појавата на пандемијата

    Лага е дека вакцината против ковид-19 била создадена пред појавата на пандемијата

    Постот неосновано шири дезинформации дека вакцината против ковид-19 била направена пред појавата на пандемијата на коронавирус. Ова не е точно, а тоа го потврдуваат фактите. Вирусот ковид-19 беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што беше изолиран и неговиот генетски материјал РНК. На 17 март 2020 година, „Фајзер“ и „Бионтек“ првпат се здружуваат за да создадат  ковид-19 вакцина. На официјалната веб-страница на „Фајзер“ има низа соопштенија со датуми од коишто може да се види кога почнала и како напредувала оваа соработка која резултираше со создавање на вакцина против ковид. На 5 мај 2020 година како дел од клиничкото испитување се дадени првите вакцини во САД на учесници во клиничката студија,  а на 1 јули 2020 година се регистрирани првите позитивни исходи од овие тестирања

    Не е точно дека никој во „Фајзер“ и „Бионтек“ не се вакцинирал против ковид

    Не е точно дека никој во „Фајзер“ и „Бионтек“ не се вакцинирал против ковид

    Изјава на доктор Угур Сахин, еден од основачите на компанијата „Бионтек“, дадена на крајот на 2020 година,  е злоупотребена во постот за лажно да се тврди дека вработените, сопствениците и директорите на „Фајзер“ и „Бионтек“ не се вакцинирани. Тоа не е точно. Угур Сахин и неговата сопруга Озлем Туречи, исто така, основач на „Бионтек“, во интервјуто дадено  во септември 2021 година изјавија дека се вакцинирани уште во јануари 2021 година, како и вработените на „Бионтек“. Генералниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, е целосно вакциниран во март 2021 година. Сите вработени во „Фајзер“ мора да се вакцинираат до 15 ноември, освен ако немаат медицинска причина да не го сторат тоа