Лага е дека германски патолог прави 40 обдукции дневно
Тврдењето на Ширмахер дека 30 до 40 проценти од луѓето, чии тела ги обдуцирал, починале како последица на вакцината, како што самиот вели, е негова претпоставка. Но, во текстот што го рецензираме тоа е претставено како да е факт. Исто така, во текстот лажно се пумпа бројот на направени обдукции на вакцинирани починати, наместо 40 вкупно, се тврди дека се 40 дневно, за да се создаде погрешна перцепција дека е огромен бројот на починати. Во текстот на германски јазик јасно се кажува дека компликациите на тромбови во мозокот се ретки, но во текстот што го рецензираме се претставени како да се вообичаен несакан ефект од вакцината, што не е точно