×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со мешање „баби и жаби“ се прави обид да се дискредитира вакцината

    Со мешање „баби и жаби“ се прави обид да се дискредитира вакцината

    Објава  на Фејсбук намерно, на еден манипулативен начин прави несоодветна споредба, паушално изведува проценти на новозаразени вакцнирани лица и во јавноста создава искривена слика за ефикасноста на вакцините. Статистиката за којашто говори министерот Филипче – дека само 0.02 проценти од ревакцинираните се заразиле со ковид, се однесува на ниво на целата држава и на периодот пред 27 јули, кога немаше многу новозаболени. А, статистиката за која говори доктор Нуредини се однесува на една болница (Тетово) и за 9 август, кога значително почна да расте бројот на заразени. Така што, не може да се изведе заклучок каков што е изведен во постот

    Нема докази дека вакцините предизвикуваат згрутчување на крвта

    Нема докази дека вакцините предизвикуваат згрутчување на крвта

    Ваквите тези за редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), пријавен пролетта во неколку земји, беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Но, вкупната стапка на случаи на згрутчување на крвта не е зголемена во земјите кои широко ја користеле вакцината „АстраЗенека“. Како што објави Европската агенција за лекови во почетокот на март годинава, „само 22 случаи на тромбоза се пријавени за повеќе од три милиони луѓе вакцинирани во зоната што ги вклучува ЕУ, Норвешка и Исланд“. Згрутчување на крвта често се случува во населението, така што не може сите случаи на згрутчување на крвта после вакцинацијата против ковид-19 да се поврзат со вакцината

    Дезинформација е дека вакцините се извор на мутанти и болести

    Дезинформација е дека вакцините се извор на мутанти и болести

    Дека вакцините се извор на мутанти и болести е надвор од секоја логика. Нема ниту еден податок од ниту едно релевантно истражување што може да ги потврди ваквите антиваксерски тврдења. Она што е факт е дека ниту една од одобрените вакцини не содржи жив вирус што предизвикува ковид-19. Ова значи дека вакцината не може да нè разболи со ковид-19, како што тврди постот. Вакцината е најмоќното оружје во борбата против овој вирус. Повеќе вакцинирани лица не само што значи повеќе заштитени лица, туку и помалку шанси за мутации на вирусот и формирање на некоја варијанта којашто би можела да биде отпорна на вакцините, па светот повторно да се врати на почеток со милиони заболени и илјадници починати секојдневно 

    Не, третата доза од вакцината против ковид нема да ги усмрти Британците

    Не, третата доза од вакцината против ковид нема да ги усмрти Британците

    Ниту првата, ниту втората ниту третата доза од ковид вакцината – којашто во Велика Британија по избор ќе им биде достапна на граѓаните повозрасни од 50 години заедно со вакцината против грип, не значи дека со неа ќе се убива населението, туку дека ќе се спасува од тешки последици и смрт, како и од хоспитализации и од ковид и од грип. Во екот на панедемијата со коронавирусот, односно нејзиниот четврти бран, кој беснее во Британија, а особено во есенските месеци, поради сличноста на симптомите тешко ќе биде да се разграничи кои лица имаат грип, а кои ковид. Особено зашто делта варијантата кај младите некогаш има симптоматологија на грип, значи, течење на носот, кашлица и изнемоштеност. Затоа, британските власти сакаат двојно да ги осигураат своите граѓани и да им овозможат имунизација против двата вируса

    Постот дезинформира дека ковид вакцините ќе доведат до нова варијанта што ќе убие 35 проценти од луѓето

    Постот дезинформира дека ковид вакцините ќе доведат до нова варијанта што ќе убие 35 проценти од луѓето

    Во документот линкуван во постот се изнесени четири хипотетички сценарија за иднината на пандемијата со коронавирусот кои се однесуваат на самиот вирус. Во првото сценарио се споменува бројката  што се посочува во постот, но, пишува дека ова хипотетичко сценарио би се случило како резултат на нова мутација на коронавирусот, а не на вакцината, како што лажно се тврди во оваа објава на Фејсбук

    Ковид пандемијата не е измама, туку таквото тврдење е опасна манипулација

    Ковид пандемијата не е измама, туку таквото тврдење е опасна манипулација

    Комплетна невистина е дека ковид пандемијата е измама. За тоа дека пандемијата е вистинска говори бројот на новозаразени и на жртви во секоја земја од светот. Измама е да се манипулира со јавното мислење и да се нафрлаат флоскули кои се неосновани, непоткрепени со никаков доказ и да се затвораат очите пред бројните докази, експертски мислења, но и пред жртвите од последици на коронавирусот

    Во Велика Британија нема над 1.500 мртви како последица од вакцината

    Во Велика Британија нема над 1.500 мртви како последица од вакцината

    Владата на Велика Британија објавува неделни извештаи базирани на таканаречени ,,жолти картони”, преку кои се пријавуваат несакани ефекти после вакцината, како и после секој друг лек или медицинско средство. Пријавите може да ги пополни секој кој има сомнение дека несаканиот ефект или сериозниот исход после вакцинација настанал од вакцината, независно од тоа дали има докази. Многу е важно да се напомене дека  сомнежите за несакани ефекти опишани во овој извештај не се интерпретираат како докажани несакани ефекти од ковид-19 вакцинатa. Но, токму овие информации во постот се испуштени, со што јавноста е лажно информирана дека смртните случаи кои настанале по вакцинација се директна последица на вакцината

    Ќе донесе ли есента трета доза вакцина против ковид-19?

    Ќе донесе ли есента трета доза вакцина против ковид-19?

    Сè поизвесно е дека Македонија ја чека бурна есен и нов, четврт бран на коронавирусот. Дневните извештаи на Министерството за здравство покажуваат зголемени бројки на новозаболени. Особено критична е ситуацијата во Тетово, каде болницата веќе почна да се полни со нови пациенти. Лекарите алармираат до надлежните здравствени власти да се воведат мерки за заштита од ширење на коронавирусот, но министерот Венко Филипче е дециден дека вакцинацијата во моментов е најголем приоритет

    Ретката појава на „пробивање на имунитетот“ не е причина да се отфрлаат вакцините

    Ретката појава на „пробивање на имунитетот“ не е причина да се отфрлаат вакцините

    И вакцинираните се заразуваат од ковид, а некои од нив и умираат! Со оваа информација со восклик се јавија антивакциналните кругови во земјава и побрзаа да се порадуваат дека вакцините, всушност, потфрлиле. Но, дали е навистина така и зошто во земјава и во светот – насекаде без исклучок, се јавуваат ретки случаи каде граѓани кои биле вакцинирани со две дози против ковид, сепак се заразиле, а сосема мал дел од нив и починале како последица на компликации од вирусот?

    Лага е дека Израел почнува со чипирање на децата

    Лага е дека Израел почнува со чипирање на децата

    Објава на Фејсбук споделува видео во кое има изјава на Бенџамин Нетанјаху, поранешен премиер на Израел, дадена пред една година, претставувајќи ја како нова и лажно тврди дека Нетанјаху бил за чипирање на децата. Но, тој никаде не спомнува чипови за деца, туку само вели сензори кои ќе алармираат доколку децата се приближат на помало растојание од два метра, колку што е потребно со цел да се избегне пренос на коронавирусот.  Нетанјаху самиот ја демантирал веста за тоа дека наводно бил за чипирање на децата, откако истата ја објавил веб-порталот „Инет“, пренесе „Јерусалим Пост“. Израел нема воведено чипирање на децата, ниту, пак, се подготвува за такво нешто

    Нејасно видео со анонимни француски научници шири невистини за составот на вакцините

    Нејасно видео со анонимни француски научници шири невистини за составот на вакцините

    Видеото кое е пренесено во постот, нуди нејасни и нецелосни информации. Во него се слушаат луѓе како зборуваат на француски јазик, но нејасно е кои се тие. Дали навистина се француски научници, како се викаат, каде и што работат? „Вистиномер“ досега неколкупати дебанкираше вести кои тврдат дека во составот на вакцините против ковид-19 има графен оксид. Тоа може едноставно да се провери доколку се погледне составот на вакцините, кој е јавно објавен на официјалните веб-страници на нивните производители, а истиот во форма на документи го има и на страницата ковид19вакцинација.мк. Како што може да се види, графен оксид никако не е дел од составот на вакцините

    Ковид пандемијата не е лажен проект на Светска банка предвиден до 2025 година

    Ковид пандемијата не е лажен проект на Светска банка предвиден до 2025 година

    Постот шири невистини дека има лажна пандемија од ковид-19 и дека таа е проект за којшто Светската банка, наводно, ,,пресметала да заврши во 2025 година”. Исто така, дезинформација е дека Светската Банка „до 2025 година планира да ги избоцка сите по секоја цена“, со оглед на тоа што вакцинацијата е доброволна, а во програмата за стратешка подготвеност и одговор на ковид-19, којашто е јавно достапна, не се споменува вакцинацијата како нешто што ќе биде планирано на глобално ниво како задолжително. Во секој случај, повеќето земји во светот, апелираат на вакцинација за да се создаде колективен имунитет, односно да се спречи преносот на коронавирусот од еден на друг човек

    Доктор Жарко Караџовски не е на платниот список на Рокфелер

    Доктор Жарко Караџовски не е на платниот список на Рокфелер

    Во постот што го рецензираме искористена е техника за манипулација која се вика дискредитација на личноста, односно ад хоминем атак, каде што всушност, се доведува во врска вакцинацијата против ковид-19 со „Рокфелер“ фондацијата, како наводен заговор, и тоа преку грбот на доктор Жарко Караџовски, кој учествувал со свој придонес во научен труд сосема неповрзан со вакцинацијата. „Рокфелер“ фондацијата само го објавила трудот во кој се говори за еднодецениското работење на Здравствената мрежа на југоисточна Европа, а во кој Караџовски е претставник на Институтот за јавно здравје

    Не е вистина дека има поголем број на новозаразени од лани ова време

    Не е вистина дека има поголем број на новозаразени од лани ова време

    Бројот на новозаболени сега не е поголем отколку минатата година во истото време. Ако се споредат двата периода се доаѓа до заклучок дека оваа година имало речиси двојно помал број на новозаразени на речиси четирипати поголем број на тестирања

    Делта варијантата на коронавирусот е научно докажана реалност

    Делта варијантата на коронавирусот е научно докажана реалност

    Објава на Фејсбук опасно дезинформира дека делта варијантата не постои и дека вакцината е штетна. Според Светската здравствена организација, делта варијантата на коронавирусот е официјално идентификувана во 124 земји. Здравствените авторитети постојано укажуваат дека бенефитите од ковид вакцината се поголеми отколку ризиците од неа. И покрај тоа што е можно вакцинирано лице да се зарази со коронавирусот, сепак, вакцината штити од тежок тек на болеста и во висок процент спречува хоспитализации и смртност

    Со ковид-19 вакцините не се вршат репресии и експерименти врз луѓето

    Со ковид-19 вакцините не се вршат репресии и експерименти врз луѓето

    Постот што ги рецензираме  изнесува неточни  и манипулативни тврдења дека невакцинираните ќе бидат подложени на репресии и присилни тестирања, кои наликуват на дехуманизираниот однос на нацистите кон Евреите за време на Холокаустот и дека вакцинацијата ќе стане задолжителна. Засега, пак, има само најави за можни рестрикции за невакцинираните лица, исклучиво заради заштита на јавниот интерес и општото здравје на населението, а вакцините се овластени за итна употреба и ги имаат поминато сите фази на клинички испитувања, кои ги оценуваат како безбедни и ефикасни против сериозни последици на корона вирусот