×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерството за правда ќе го повлече предлогот за пренесено негативно мислење да се одговара како за навреда

    08.02.2022 08:30 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Од Министерството за правда за Вистиномер велат дека е погрешна формулација и ненамерен пропуст тоа што во измените на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, кои се наоѓаат во собраниска процедура, стои и дека новинарот може да одговара за навреда ако пренесе нечие ,,негативно мислење”

    Министерството за правда ќе го повлече предлогот за пренесено негативно мислење да се одговара како за навреда Фото: Викимедиа

    Пишува: Мирослава Бурнс

     

    Во Предлог-законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, објавен во делот за документи на веб страницата на Собранието, во членот 6 се наведува дека „за навреда може да одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет со намера да наштети на неговите чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негативно мислење.“ 

    Токму оваа формулација „негативно мислење“ предизвика бурни реакции од професионалните новинарски здруженија, како и од повеќе адвокати, кои што посочија дека на ваков начин се остава простор за воведување цензура на критичкото мислење и изразување во државата. Особено ова беше негативно толкувано, со оглед на тоа што овие законски измени на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, се прават со цел сообразување и приспособување на законите на Република Северна Македонија со правото на Европската унија.

    Од Министерството за правда за Вистиномер велат дека се работи за ненамерен пропуст и погрешна формулација, која што ќе биде исправена со амандман. Во целата процедура на законските измени во инклузивен процес вклучени беа и Здружението на новинарите и новинарскиот синдикат, но, сепак, како ненамерна грешка, во текстот од предлог законот уште од јули 2021 година стои овој дел за „пренесување негативно мислење“, сè додека неодамна не го забележаа група адвокати и бурно реагираа, свртувајќи го вниманието на новинарската фела и на јавноста кон оваа горлива тема суштинска за слободата на изразување и за новинарската работа.

    Министерството за правда ја информира јавноста дека формулацијата во однос на предлог-законот, каде за навреда се одговара и за „негативно мислење“, е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа. Министерството за правда целосно ги поддржува новинарските слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање, велат оттаму за Вистиномер.

    Запрашани што ќе стои на местото на делот каде што досега стоеше „одговорност за пренесување негативно мислење“ од Министерството велат дека за тоа дополнително ќе информираат утре.

    Од Здружението на новинарите, пак, велат дека „оваа дефиниција е нова и се разликува од постоечкиот закон, а на начинот на кој е дефинирана остава простор за погрешно толкување од страна на граѓанскиот суд на штета на слободата на изразување“.

    ЗНМ бара ова, во дефиницијата за навреда соодветно да се коригира на начин што ќе се врати старата дефиниција од законот од 2013 година која, во тоа време беше позитивно оценета и од ОБСЕ и Советот на Европа. Иако во локалната судската пракса предметите кон медиумски работници се, пред сè, за клевета и речиси да нема за навреда, ваквата дефиниција, доколку не се измени, може да поттикне во иднина бран на тужби кон новинарите само за искажано мислење што во основна е спротивно со начелата на слободата на изразување и правото на информирање на граѓаните, велат од ЗНМ.

    Текстот на овој предлог-закон е во фаза на прво читање во Собранието од јули 2021 година. Истиот текст предвидува значително намалување на нематеријалната штета за новинарите и медиумските работници како барање што ЗНМ претходно го имаше кон Министерството за правда. Така, максималната казна што за навреда ќе може да ја плати новинар е 400 евра.

    Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, вели дека се надева оти станува збор за груба грешка, инаку слободата на изразување и новинарската работа во државава се во сериозна опасност.

    Ако е тоа точно што е таму напишано, тогаш станува збор за сериозно враќање наназад спротивно на демократските вредности. Затоа ќе инсистираме тоа да се промени во Собранието со амандманска интервенција, бидејќи ваков тип на флоскули повеќе личат на земји од комунистичките, режими отколку на демократски држави, изјави Чадиковски за Вистиномер.

    Адвокатите Јанаки Митровски и Александар Тортевски меѓу првите укажаа дека не е во ред да се одговара за навреда за пренесено негативно мислење.
     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар