×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нова публикација на „Метаморфозис“ за степенот на почитување на основните права

    22.07.2022 18:28 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Степенот на остварување на основните права на граѓаните во светло на евроинтеграциските процеси, е најновото тематско истражување на Фондацијата Метаморфозис во рамки на проект поддржан од Националната фондација за демократија од САД. Во истражувањето е направен генерален и подетален осврт на најгорливите проблеми од корпусот основни права со кои се соочува Северна Македонија во периодот од јули 2021 до крајот на јуни 2022 година

    Нова публикација на „Метаморфозис“ за степенот на почитување на основните права

    Човековите права во РСМ генерално се почитуваат, иако во некои области сè уште се забележуваат случаи на структурна дискриминација. Случаи на кршење на човекови права и дискриминација, надлежните институции понекогаш регистрираат и во самите институции на извршната власт.

    Ова е генералниот заклучок од најновото истражување што го спроведе Фондацијата „Метаморфозис“ под наслов „Основни права – Рамка има, имплементацијата варира, секаде се потребни повеќе пари“.

    Во извештајот се заклучува дека „стратешката и законската рамка за почитување на основните права во РСМ е добро покриена, генерално усогласена со сите поважни меѓународни прописи, со исклучок на одделни сегменти кои што се поврзани со ЛГБТ заедницата“. Како најново надополнување на стратешката рамка на крајот на јуни беше ставена на агенда за изработка Национална стратегија за правата на лицата со попреченост, со цел да се постави патоказот за унапредување и подобрување на правата што ги ужуваат овие лица.

    Имплементацијата страда од генерално два проблема – недостиг на човечки или инфраструктурен капацитет и недостиг на пари, односно потценето финансирање од Буџетот, се наведува во заклучоците од Извештајот, а тоа се поткрепува со детално објавените буџетирања на клучните институции одговорни за спроведување на основните права.

    Како големи проблеми што се се уште актуелни, се потенцираат „проблемот со лошите услови во институциите од затворен тип, пред сè, во притворските и затворските институции“, „инклузијата на Ромите, која иако е нормативно покриена, страда од недоволна буџетска поткрепа, додека Ромите се уште се соочуваат со примери на дискриминација и на сегрегација“, како и „дискриминацијата и насилството врз ЛГБТ заедницата кое се уште е присутно во голема мерка“, а во таа рамка се потенцира и „трансфобијата, која е силно изразена дури и од претставници и на власта и на опозицијата“.

    Правата што произлегуваат од Истанбулската конвенција за спречување и заштита од насилството врз жените, како и од семејното насилство се подобрени, особено по усвојување и на специфична законска процедура, но се уште треба да се работи на подобрување на институционалната заштита, пред се од специјализирани центри, чија мрежа е недоволно развиена, а во некои региони како Полошкиот и целосно отсуствува.

    Во Извештајот, исто така, се нотира и подобрување на ситуацијата со правата на лицата што страдаат од некој вид на попреченост, особено кај децата со попреченост, но останува потребата од поголема финансиска помош, помош од уште поголем број на лични и образовани асистенти и секако, неопходноста од изработка на Регистер на лица со попречености, кој би помогнал во целосна идентификација на потребите според попреченоста, но и според географската локација, т.е. би се идентификувале и потребите и задолженијата на локалната самоуправа.

    Говорот на омраза, кој е феномен што има тренд на влошување и зголемување во последните две-три години, вклучувајќи ја и 2022 година, а главна причина е неказнивоста, се вели за овој горечки проблем во извештајот, при што се додава и дека тој во меѓувреме и се мултиплицирал.

    Извештајот е дел од проектот „Промовирање на отчетноста и транспарентноста на јавните реформи“, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Скопје, со поддршка на Националната фондација за демократија од САД. Во рамките на овој проект веќе се објавени извештаите за реформи во правосудството, јавната администрација и реформите во медиумскиот сектор.

     

     


    Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар