×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 40 стари и изнемоштени лица од Крива Паланка ќе добиваат помош и нега во домот

    03.03.2021 07:48 | KumanovoNews

    Вкупно 40 стари, изнемоштени и осамени лица од Општина Крива Паланка, кои не се во можност да обезбедат основна социјална и здравствена грижа, ќе добиваат бесплатна нега и помош во домашни услови од страна на сертифицирани негуватели.

    40 стари и изнемоштени лица од Крива Паланка ќе добиваат помош и нега во домот

    Овие социјални услуги се обезбедени преку проектот „Одговорни институции-среќни граѓани“, што го реализираат Општина Крива Паланка и Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка, со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика. За таа намена се одвоени 11.034.000 денари.

    „Проектот предвидува пружање социјални услуги на стари и изнемоштени лица во домашни услови кои не се во можност да се грижат сами за себе, а активностите ќе се имплементираат во два дела. Првиот дел опфаќа воспоставување на услугата, сертифицирање на 20 негуватели, кои ќе бидат стручно обучени за пружање помош и нега во домашни услови на стари и изнемоштени лица, а потоа ќе следи опремување на простор за непречена реализација на активностите и набавка на специјализирано возило за транспорт на ангажираните лица и на корисниците, во зависност од нивните потреби“, вели градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

    Проектот следува по направената анализа од страна на Советот за социјална заштита при Општината и други локални институции за проблемите и потребите на старите лица. Резултатите покажуваат дека поради масовното иселување на младите, има многу семејства со стари, болни и осамени лица, кои не можат да ги задовалат своите основни животни потреби, а истовремено се наоѓаат во социјален ризик или се без институционална и вонинституционална грижа.

    Давател на услугите на оваа ранлива група е Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка, која е верифицирана за образование на возрасни, односно за реализација на посебната програма за обука и сертифицирање на негуватели во домашни услови за стари лица и лица со попреченост.

    „Во проектот ќе бидат вклучени 20 негуватели, кои успешно ќе ја поминат обуката. Предност се дава на лица кои живеат во Општина Крива Паланка, лица кои ја изгубиле работата во време на пандемија, кои се невработени или се лица од ранлива категорија на граѓани. Но, секое лице кои е заинтересирано за работа како негувател во рамките на овој сервис го охрабруваме да се пријави“, вели сектретарот на општинската организација, Дарко Пешовски.

    Услугите предвидуваат помош при извршување на основните активности како што се лична хигиена, облекување, хранење, мобилност во домот и слично, но и набавка на продукти, чистење, перење, поправки, земање на лекарска терапија и друго.

    „Лицата со намален функционален капацитет, кои не можат да се грижат за себе, ќе добиваат помош и поддршка во нивниот секојдневен живот до 80 часа месечно. Целта е да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата, посочува Пешовски.

    Црвен крст и Општината веќе имаат големо искуство во спроведување на проекти за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови. Корисниците се презадоволни од овие услуги и наведуваат дека оваа поддршка има голем бенефит за подобрување на квалитетот на нивниот живот.

    (Ж.Цветковска)