×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    800 француски авантуристи со 300 возила „пежо 205“ пристигнаа во Крива Паланка на својата турнеја низ европските земји

    12.08.2022 13:59 | Жаклина Цветковска

    Околу 800 Французи, со 300 возила „пежо 205“, кои се дел од авантуристичкото патување„ „Еуроп раид“ (Europ`Raid), престојуваа во Крива Паланка како една од дестинациите на нивното европско патување низ 20 држави.

    800 француски авантуристи со 300 возила „пежо 205“ пристигнаа во Крива Паланка на својата турнеја низ европските земји

    Француските авантуристи, кои во нашата земја престојуваат единствено во Крива Паланка, обезбедија 3000 килограми училишни материјали, спортска и друга опрема за ООУ„Јоаким Крчовски“.

    „Задоволство ни е што сме повторно тука и што можевме да го донираме училишниот материјал обезбеден од францускиот народ“, истакна Бенжамин Леден, еден од организаторите на Еуро раид.

    Општина Кирва Паланка за учесниците организираше франкофонски музички хепенинг и културно- уметничка програма, како и престој на француските авантуристи на Градскиот стадион, а на настанот присуствуваше и вршителката на должност на Амбасадата на Франција Емануел Гардиј.

    Ова е седмо издание на „Еуроп раид“ на кое француските авантуристи за 22 дена поминуваат 20 европски држави и се запознаваат со нивната култура и традиција. Авантуристичката група престојуваше во Крива Паланка и на нивното 6 издание во 2019 година, а последните 2 години овој европски караван не се реализираше поради ковид пандемијата.

    Крива Паланка е избрана како една од точките на европското патување на караванот на „пежо 205“, благодарение на промоцијата на франкофонијата во општината и заложбите на професорката Елена Николовска која е една од најистакнатите франкофони во нашата земја.

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk