×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Богојавленска софра за Водици во Крива Паланка

    16.01.2024 13:56 | Жаклина Цветковска

    Празнична Богојавленска софра од натпреварувачки каратктер ќе биде дел од масовната прослава во чест на големиот  христијански празник  Водици (Богојавление) што ја организира Општина  Крива Паланка,  во соработка со  Македонската асоцијација на готвачи и шефови на кујни „Гастромак“ и претседателката Адријана Алачки.  

    Богојавленска софра за Водици во Крива Паланка

    Традиционалните специјалитети на оваа софра ќе ги приготват здруженија на пензионери, организации на жени од повеќе градови во државата, потоа претставнички од Центарот за дневен престој за активно стареење Крива Паланка, млади гастрономи, индивидуални домаќинки, како и учениците од угостителско-тристичката  насока од СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка. Судиите од „Гастромак“, пак,  ќе бидат задолжени да ја одберат најубавата, највкусната и најдобро аранжираната “Богојавленска трпеза” со препознатливите вкусови на традиционалната гастрономија.

    Натпреварот вклучува и избор  на најдобрите во категориите – најавтентични македонски садови и најубави македонски ракотворби со кои софрите се декорирани, по што посетителите ќе можат да вкусат од традиционалните деликатеси.

    Во рамките на манифестацијата, по  свечената Богојавленска литургија во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, ќе се осветат водите на Крива Река во кои ќе се   положи чесниот крст по кој ќе скокаат пријавените учесници.

    Централната манифестација ќе се одржи на  Градскиот плоштад, со богата музичка програма во изведба на Благоја Алачки и пријателите и Адријана Алачки, а водителка ќе биде Ирена Спировска.

    Присутните ќе имаат можност  да  го дегустираат  и традиционалниот  специјалитет за Водици – пифтија, а  во огромен котел ќе се вари и грав кој ќе може да се купи по симболична цена од 50 денари, како и топли напитоци. Средствата се наменети за хуманитарни цели и тоа за поддршка на матурантите од социјално ранливи категории.