×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Божиќна песна и видео запис – круна на празнувањата во Крива Паланка

    08.01.2024 19:08 | Жаклина Цветковска

    Видео запис за песната „Божиќ“ беше промовиран како круна на Новогодишните и Божиќни празници во Општина Крива Паланка.

    Песната ја изведува Нина Николовска, автор на музиката и аранжманот е џез- музичарот Гордан Спасовски, a текстот е на Рената Кралевска. Режисер на видео записот е Александар Ристоски, а директор на фотографија Тони Величковски.

    Извршен продуцент на целиот проект е Методи Цветковски од Центарот за аудиовизуелни уметности, со поддршка од Општина Крива Паланка.

    „Ова е празничен подарок за сите, кулминација на празничната културна програма од општината за Новата 2024 година “, вели градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

    „Во спотот се доловува раскошниот амбиент во градот, новогодишниот базар, културната понуда и програма за сите генерации. Дел од спотот е сниман во Ресторан „Парк“ Гиновци.

    „Идејата е песната да биде траен музички и визуелен подарок за сите, носејќи го тополиот амбиент на празничните денови до сечие срце“, посочи извршниот продуцент Методи Цветковски.

    Видеото може да го погледнете на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=bqGOvU5rMYs

    Божиќна песна и видео запис – круна на празнувањата во Крива Паланка