×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се гради брана на реката Слупчанка за да се подобри водоснабдувањето во Куманово и Липково

    09.11.2020 08:25 | KumanovoNews

     Со 22 милиони евра државни средства ќе се гради брана на реката Слупчанка во Општина Липково. Со оваа инвестиција се очекува целосно да се реши проблемот со вода за пиење и наводнување во Кумановско-липковскиот регион.

    Ќе се гради брана на реката Слупчанка за да се подобри водоснабдувањето во Куманово и Липково

    Проектот се реализира преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а треба да заврши во рок од 4 години.

    „Проектната документација е целосно готова. По две и пол години, конечно е донесена одлука да се издвојат средства од буџетот и да се гради браната преку управата на Водостопанство. Сега ќе се распише тендер за изведувач. Од самата брана дополнително ќе се гради и цевковод, со што ќе бидат опфатени околу 1.500 хектари земјиште за наводнување и ќе има дотур на постојниот систем од подружницата ‘Кумановско-Липковско Поле‘, со што ќе се обезбедат и дополнителни резервни количини вода за снабдување на градот“, изјави директорот на „Кумановско-Липковско Поле“, Оливер Илиевски.

    Со новиот систем за наводнување ќе бидат опфатени земјоделските површини во Слупчане, Ваксинце, Табановце и Речица, а со него ќе стопанисува „Кумановско-Липковско Поле“.

    Владата на една од претходните седници ја донесе информацијата за одобрување на тендерската постапка за изградба на брана на Слупчанка во вкупна вредност од 1.342.000.000 денари.

    „Ова е најголемата капитална инвестиција што ќе се случи во Општина Липково“, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    Идејата за изградба на брана „Слупчанска“ е стара повеќе десетици години и датира некаде од седумдесетите години на минатиот век.