×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центарот за култура во Крива Паланка ќе се реконструира по речиси 40 години

    13.07.2021 08:44 | KumanovoNews

    По речиси 40 години, НУ Центар за култура од Крива Паланка ќе биде реконструиран со средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за урбани подрачја.

    Центарот за култура во Крива Паланка ќе се реконструира по речиси 40 години

    Оваа е прва значајна инвестиција која e наменета за подобрување на инфраструктурата на културните институции, вредна близу 5 милиони денари,  ќе се реализира преку проектот „Санација, поправка и опремување на НУ Центар за култура“, чиј носител е Општина Крива Паланка.

    „Ќе биде саниран и обновен целокупниот ентериер на Центарот за култура и тоа кино салата, гардеробите, соблекувалните, галерискиот простор, сцената, системот за осветлување, а ќе се подобри и системот за затоплување“ истакна директорката Мира Георгиевска.

    Санацијата на објектот видно ќе ги подобри условите за работа во оваа установа и ќе овозможи поквалитетна реализација на културните содржини.

    „Центрите за култура со години беа запоставени и заборавени и најголем дел од нив се наоѓаат во многу тешка кадровска и инфраструктурна позиција. Инвестирањето во инфраструктурата е клучно, а ние ќе помогнеме со поголема поддршка на програмските активности, истакна министиерката за култура Ирена Стефоска, при неодамнешната посета на кривопаланечкиот Центар за култура.

    Во делот на инвестициите, покрај санацијата на ентериерот, обезбедена е и нова компјутерска опрема, во вредност од околу 170.000 денари, со финансиска поддршка од Министерството за култура.

    „Набавени се компјутери, мултифункционални печатари и друга придружна опрема со што ќе се зголеми квалитетот на целокупната административна и канцелариска работа. Истовремено, ќе се намалат и трошоците и ќе се зголеми ефикасноста во извршувањето на потребните работи, кои поради застарената опрема одземаа дополнително време, вели директорката на Центарот за култура, Мира Георгиевска.

    (Ж.Ц.)