Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со надградба на нов кат на објектот во централното градско подрачје, Детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка ги проширува и подобрува условите за престој, згрижување и воспитување на најмладите.
Со изградбата на новиот кат, капацитетот на оваа установа ќе се зголеми за 100 нови корисници.
Градежните активности интензивно се одвиваат и се очекува до крајот на мај објектот да биде целосно завршен.
Инвестицијата изнесува 23.500.000 денари обезбедени од Министерството за труд и социјална политика.
Во изминатиот период, после цели 40 години, извршена е и целосна реконструкција на објектот на ул. „Свети Јоаким Осоговски“ со замена на кровната конструкција, термоенергетска фасада и нова столарија. Вложени се 93.000 долари, а средствата се обезбедени од УНОПС.