×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До Комисијата за спречување и заштита од дискриминација секојдневно пристигнуваат претставки, од Крива Паланка нема ниту една

    27.06.2023 16:50 | Жаклина Цветковска

     Крива Паланка е една од општините од кои се уште нема доставено ниту една  пријава до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), иако генерално граѓаните се повеќе се охрабруваат и го пријавуваат прекршувањето на нивните права, беше истакнато  на отворениот  ден на Комисијата во Крива Паланка. 

     

     

     

    До Комисијата за спречување и заштита од дискриминација секојдневно пристигнуваат претставки, од Крива Паланка нема ниту една

    Бројот на поднесените претставки повеќекратно се зголемува што според членовите на КСЗД значи дека расте довербата во оваа институција, која има полни раце работа.

     „Довербата во КСЗД постојано се зголемува, а доказ за тоа е бројката на поднесени претставки, која е во постојан пораст. Од  90 претставки во 2021,   лани имавме скоро  тројно зголемување, односно 248 пријави, додека годинава речиси секојдневно има по најмалку една пријава за дискриминација по разни основи“, истакна Ирфан Деари, член на Комисијата.  

    Деари посочи дека токму преку отворените денови со  граѓаните  на кои се доближува и децентралзира работата на Комисијата, тие се информираат за начинот на пријавување и Законот за спречување и заштитита од дискриминација, донесен уште 2010 година. Тој ги повика  сите што сметат дека се дискриминирани  да се охрабрат и да ги пријават случаите.

    „ Од година в година имаме се поголем успех  во разрешување на случаите. Во околу 70 отсто од претставките утврдена е  дискриминација, а од нив  во над 70 отсто е постапено по нашите препораки. Во одредени случаи решавањето оди и со посредување од наша страна. Тоа ми дава за право да кажам дека луѓето имаат доведба во оваа институција, а и ние немаме никаков притисок во работењето, така што грѓаните имаат една отворена врата каде можат слободно да се обратат и да бидат сослушани“, додаде Деари.

    Отворениот ден  се одржа со поддршка на ОБСЕ, а присуствуваа претставници од општината, училиштата, граѓански здруженија, МВР и граѓани.