Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На иницијатива на Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ и во соработка со Општина Крива Паланка, денес беа донирани 33 таблети за двете основни училишта од општината, за ученици чии семејства спаѓаат во социјално ранливи категории.
Таблетите ги донираа општествено одговорните компании „Макпетрол“ АД Скопје и „Ескаватори МК“ Дооел Скопје.
„ Како локална самоуправа континуирано превземаме активности и се трудиме да овозможиме услови сите ученици да можат да ја следат наставата „онлајн“ и во таа насока Општината од сопствени средства веќе додели лаптоп за петочлено семјство од Крива Паланка, а со днешната донација уште 33 ученика ќе имаат можност непречено да ја следат наставата“, - изјави градоначалникот Мицевски и изрази голема благодарност до Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ како и до компаниите донатори.
Оваа донација е наменета за 13 ученика ООУ „Јоаким Крчовски“ и 20 ученика од ООУ „Илинден“.
Општина Крива Паланка претходно доби донација и од 15 таблети од компанијата „Еколог интернационал“.