Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бардот на македонската поп музика Драган Мијалковски ќе биде специјален гостин на Свечената академија, по повод патроните празници на првиот македонски просветител „Свети Јоаким Крчовски“ и на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“, која ќе се одржи на 23 мај, со почеток во 19 часот, во НУ центар за култура Крива Паланка.
Кривопаланечката публика ќе имаат ретка можност после долги години во живо да го проследи настапот на македонската музичка легенда Драган Мијалковски, кој има кривопаланечко потекло. Посетителите ќе се потсетат на познатите евергрини како „Кажи нешто драга“, На 223-305“, „Гитаро моја“и многу други, но и на песните од неговата понова продукција.
На свечената академија, која се одржува во чест на просветителството, ќе бидат доделени благодарници и признанија на најдобрите ученици и просветни работници за 2024 година. Настапот на Драган Мијалковски ќе го збогати овој свечен настан, а влезот за сите заинтересирани е слободен.
Свечената академија е традиционална манифестација во организација на Општина Крива Паланка, а годинава се одржува во рамките на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата“.