×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Џафери во Липковско, ја посети новата градинка со капацитет од 117 деца, која чини 960.000 евра

    15.02.2024 15:12 | KumanovoNews

    Техничкиот премиер Талат Џафери денеска беше во Општина Липково, при што направи увид во новата градинка во селото Матејче.

    Џафери во Липковско, ја посети новата градинка со капацитет од 117 деца, која чини 960.000 евра

    Градинката е со капацитет за згрижување на над 117 деца и ова е најголемата градинка на територијата на Општина Липково. Вкупната инвестиција е 960.000 евра. Објектот е изграден на површина од 560 метри квадратни, а во него ќе можат да се згрижат деца од јасли до шест години. Градинката ќе има и сопствена кујна, со капацитет за подготовка од 100 до 200 оброци дневно.

    „Градинката е современ енергетско-ефикасен објект изграден по сите стандарди, со цел, обезбедување подобар квалитет на раното детско згрижување и воспитување, и подобрување на пристапот и интересот за услугите поврзани со згрижувањето и воспитувањето на нашите најмили од нивната најрана возраст“, кажа Џафери.

    Џафери го посети и Домот на културата во Матечје, за кој владата обезбедила 30 милиони денари да се реконструира. Присуствуваше и на увид на реконструираниот локален пат во селото Липково. А потоа го посети и Основното училиште „Рилиндја“ во село Лојане, Општина Липково, каде што наскоро ќе започне изградба на спортска сала.