Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Десетина жени од руралните средини ги зајакнаа своите капацитети и вештини за претприемништво преку серија обуки што ги спроведе Општина Крива Паланка во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП) .
„Се работеше на обуки за развој на женски бизниси и концепцијата на женско претприемништво и економија на грижа на локално ниво. На завршната сесија, пак, главни ттеми беа финансиско работење и одржливост на социјалните претпријатија“, велат од општината.
На сите учеснички им се доделенис ертификати за успешно реализирање на обуките.
Програмата на обуки, е дел од проектот „Социо-економско зајакнување на младите жени од Североисточниот плански регион”, финансиран од ЕУ, кој се имплементира во рамки на проектот “Потпри се на младите”.
Општата цел на проектот е да се зајакне социо-економската состојба на младите жени од руралните средини преку развој на вештини за креирање на бизнис модели во областа на економија на грижа.