×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЕВН ќе влезе во Слупчане да го отстранат дефектот, гаранција се министерот за економија Бектеши и градоначалникот на Липково Арифи

    06.07.2023 13:14 | Сузана Николиќ

    Екипи на ЕВН денеска ќе влезат во липковското село Слупчане за да го отстранат дефектот на електричната мрежа, поради што од вчера нема струја во 4 села. Договорот е постигнат со посредство на високи функционери од централната и локална власт во Липково, односно минситерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково Еркан Арифи.

    ЕВН ќе влезе во Слупчане да го отстранат дефектот, гаранција се министерот за економија Бектеши и градоначалникот на Липково Арифи

    „Дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време по добиени гаранции од страна на министерот за економија, кој заедно со градоначалникот на Липково се договориле со мештаните за да не ги спречуваат екипите на ‘Електродистрибуција’ да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување на нови мерни системи кои ќе овозможат точно мерење на електрична енергија“, соопшти ЕВН.

    Жителите на Слупчане вчера останаа без струја, поради што се обиделе самите да ја приклучат и направиле голема штета на системот, оставајќи ги без струја и соседните Оризаре, Ваксинце и Лојане.

    „По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни и може да имаат трагичен крај“, велат од ЕВН.

    Проблемот во Слупчане се провлекува со месеци, поради кражбите на електричната енергија кои се околу 80 отсто, а наплатата е само 20 проценти. Жителите не дозволуваат да им се постават дигитални броила и го блокираат влезот во селото за екипите на ЕВН.