Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одделението за истраги при Царинската управа поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Куманово против правно лице, со седиште во Крива Паланка, заради основано сомневање дека сторило кривично дело „Избегнување на плаќање акциза“, казниво по член 279-б од Кривичниот законик.
Станува збор за увезен необработен тутун, со вкупна количина од 56.799 килограми, кој потоа е пуштен во промет во акцизното подрачје, на незаконит начин, без да се плати акциза во вкупен износ од 102.238.200,оо денари .
„Се работи за пет увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“, реализирани од страна на правното лице од Крива Паланка, по што увезениот тутун, наместо да се доработи, е пуштен во промет на незаконски начин, односно без да се плати акциза“, велат од Царинската управа.