×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Генералка викенд во Крива Паланка

    04.05.2021 10:18 | KumanovoNews

    По повод Денот на Европа „9 Мај“ во општина Крива Паланка ќе се спроведе голема акција за чистење на градот и зачувување на животната средина, насловена како „Генералка викенд“.

    Генералка викенд во Крива Паланка

    Иницијатор на акцијата на глобално ниво е организацијата „ Man and Mountain“ од Австрија, а општина Крива Паланка се приклучува со повеќе активности за подигање на свеста и одговорноста кон природата.

    „Како општина која гради европска иднина и силни врски со ЕУ, сакаме на пригоден начин да го одбележиме Денот на Европа, во согласност со европските приоритети меѓу кои е унапредувањето на животната околина. Во услови на пандемија, се одлучивме да излеземе во природа и да собереме што повеќе отпад, особено од најпосетените излетнички и рекреативни места. Идејата е да ја подигнеме свеста за одговорниот престој во природа и зачувувањето на природните ресурси, вели градоначалникот на Крива Паланка“, Борјанчо Мицевски.

    На акцијата веќе се приклучија „Пакомак“, ЕВН, Делегацијата на ЕУ во РСМ со нивната кампања „Чисто како дома исто“ и други поддржувачи меѓу кои Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, локални институции, ЈП„Комуналец“, еко клубови, училишта, невладини организации и поединци.

    Главните локации на кои ќе се собира отпадот се туристичкиот центар „Калин Камен“, околината на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, испосницата во село Градец, пешачката патека „Стара вада“, велосипедската патека, речното корито на Крива Река и други.

    За непречено спроведување на акцијата, општината организира јавен превоз, ќеси за селектирање на отпадот, промотивни материјали, маици и храна за учесниците. За почитување на протоколите и спречување на групирања ќе бидат поставени 4 пунктови со волонтери: кај Осичка маала, кај мотелот „Македонија“, во населбата „Бегови Бавчи“ (кај бензинската пумпа) и во населбата „Грамаѓе“, од каде ке се врши и организираниот превоз.

    „За секои 10 килограми отпад што ќе биде собран на одредените локациии или во непосредната околина на граѓаните, ќе биде доделена по една садница, која учесниците може да ја засадат на локација по сопствен избор или може да одредиме заедничка локација, со цел да ги зголемите зелените површини. ЈП „Комуналец“, пак, со механизација ќе го транспортира и депонира селектираниот отпад во Градската депонија“, вели Мицевски.

    Тој апелира граѓаните и институциите да се вклучат во акцијата во што е можно поголем број и да го дадат својот придонес за чист град и здрава еколошка средина.

    Во рамките на одбележувањето на Денот на Европа, пак, на 10 мај општината ќе ја посетат словенечкиот и италијанскиот амбасадор, на 11 мај во ЕУ куќата ќе се одржи дебата за 11-те младински цели на ЕУ, а ќе се организираат и други активности.

    (Ж.Цветковска)