×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем дефект на главниот цевковод во Липково на место каде има приклучок на диво

    09.10.2024 12:12 | KumanovoNews

    Голем дефект е пријавен  на главниот челичен доводен вод Ф/508 од селото Липково до Филтер станицата во Куманово, на место каде што имало нелеглно приклучен објект на водоводна мрежа.

    Голем дефект на главниот цевковод во Липково на место каде има приклучок на диво

    Оперативните екипи на ЈП „Водовод“ Куманово веќе се на терен и работат на санација на пукната водоводна цевка.

    „Сите расположиви екипи се на терен, не предвидуваме дека ќе дојде до прекин на водоснабдувањето на градот, но во нашата работа никогаш не можеме да тврдиме однапред. Очекуваме дека Куманово нема да почувствува последици од овој дефект. За секоја промена на состојбата јавноста ќе биде навремено информирана“, објасни Бобан Петрушевиќ, од ЈП „Водовод“ Куманово.

    Врнежливиот и свеж ден навестува дека потрошувачката на вода нема да е премногу голема, а во извесни период од денот можно е да има намален притисок во домаќинствата, тврдат познавачите на состојбата.

    Во известувањето на официјалната страна на претпријатието се вели: „Дефект на главен челичен доводен водоводен вод Ф/508 од с. Липково до Филтер станица, дефектот е на позиција на претходно изведено нелегално приклучување, поради комплексноста на дефектот можно е затворање на главниот доводен цевковод Ф/508, дефектот се наоѓа во атар на село Липково“.