×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Големи штети на земјоделските насади предизвика синоќешното невреме во општина Старо Нагоричане

    24.07.2023 12:23 | Оливера Пешевска

    Силното невреме, кое синоќа го зафати регионот предизвика големи штети на земјоделските култури во општина Старо Нагоричане.

    Големи штети на земјоделските насади предизвика синоќешното невреме во општина Старо Нагоричане

    Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), најголеми штети има во селата Канарево, Цвиланце, Бајловце, Брешко, Аљинце, но и другите села.

    „Во периодот од 16.10 до 16.30 на територија на општина Старо Нагоричане, во селата Канарево, Цвиланце, Бајловце, Брешко, Аљинце и други, се случила елементарна непогода. Некаде по 16 часот најпрвин паѓал сув град со големина на кокошје јајце, почвата за 10 минути побелела, по што невремето продолжило со силен дожд, проследен со силен ветер“, велат од ЦУК.

    Од утринава веќе дел од земјоделските производители се јавуваат во канцелариите на Општина Старо Нагоричане, распрашувајќи се за постапката за пријавување на настаната штета.

     „Комисија формирана од општината ќе ја утврдува настаната штета на терен. Пријавуваат дека невремето уништило дел од житните култури, овоштарниците и други површини под земјоделски насади. Иако дел од житните култури веќе се ожнеани, сепак има уште и на нива. Невремето дојде во период кога дел од летината требаше да биде соберена, сега на луѓето им пропаѓа се што вложиле, и финасиски и преку работа во поле“, изјави Бобан Цветановски, заменик-градоначалник на Старо Нагоричане.

    Во недела Центарот за управување со кризи испрати предупредување за можно силно невреме во северните делови на државата. Подоцна регионалниот центар инфорнираше дека Куманово беше поштеденоно дека циклонот поминал во дел од општината Старо Нагоричане.

    Од УХМР за наредните два дена предвидуваат сончево и исклучително топло време со температури до 39 степени. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен правец. УВ индексот е исклучително висок и изнесува 10.

    (фото. архива)