Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бројни проекти за изградба на локалната патна мрежа, значајни инфраструктурни објекти, проекти од културата, спортот и младите се најдоа во отчетот за едногодишно работење на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски пред граѓаните.
„На 1 ноември 2022 година се наврушува точно една година од преземањето на оваа функција. Целата енергија во овој период беше вложена во проекти, реализација на идеи, планови и програми. За тоа говорат бројните реализирани, создадени, изградени проекти од областа на инфраструктура, хортикултура и хигиена, култура, социјална заштита, спорт, за жителите од најмали, млади и возрасни“, порача Митовски.
Околу 80 проекти се најдоа на листата на успешно реализирани проекти во периодот од една година меѓу кои како најзначајни се издвојуваат изградбата на нов кат на Детската градинка „Детелинка“, санација и обнова на кино салата на Центарот за култура, рекреатино пешачки патеки, уредување на коритото на Крива Река, на локалитетот „Станечки Водопади“, решавање на сообрачајниот хаос и други.
„Транспарентно, отчетно и јавно работам 365 дена за да биде Крива Паланка најдоброто место за живеење за сите генерации“, вели Митовски.
Тој ја вложи и целата едногодишна плата како градоначалник во изградба на детско игралиште во населбата Маневци.