Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новиот градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски, ќе остварува секојдневна комуникација со граѓаните.
Во текот на целата работна недела ќе има приемен ден за граѓаните, во малата сала на општината, од 8.00 - 10.00 часот, а ќе биде достапен и за време на викендите, односно секоја сабота, од 9.00 – 11.00 часот.
„Како што ветивме, со цел за подобро и ефикасно функционирање на локалната самоуправа и континуирана и навремена комуникација со граѓаните, секој ден ќе се реализира приемен ден за средби, консултации, информации и запознавање со проблеми и потреби што ги имаат граѓаните. Истовремено, отворени сме и за различни идеи, предлози и сугестии од кои би можеле да произлезат идните приоритети на општината“, истакнува Митовски.
Во случај на итност и неодложност, како и други оправдани причини, граѓаните можат да остварат состанок со надлежниот службеник, секој ден од понеделник до петок, во текот на целото работно време.