Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шума и сува трева се запалила вчера попладне по удар на гром во атарот на планинското село Бајловце, општина Старо Нагоричане.
Пожарот избувнал околу 16 часот, а бил изгаснат по 20 часот.
Во гаснењето учествувала Територијалната противпожарна едница (ТППЕ) на Старо Нагоричане, полицијата и жители на селото.
„Од 16:20 до 20:15часот со едно ТППЕ возило и 2 пожарникари, со тројца вработени од Полициска станица на Старо Нагоричане како и 10 мештани од с.Бајловце интервенирале во с.Бајловце на опожарена сува трева и шума. Причина за пожарот е удар од гром“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Куманово (РЦУК).
(Фото. архива)