×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јакнење на капацитетите на руралните жени од Кривопаланечко

    20.12.2021 12:49 | Жаклина Цветковска

    Голем број рурални жени се уште немаат доволно информации, знаење и вештини како да ги остварат своите права, меѓу кои правото на субвенции, услуги и сервиси од локалните и државните институции.

    Јакнење на капацитетите на руралните жени од Кривопаланечко

    Ова е главниот заклучок од работилницата „Руралните жени- пристап до информации, услуги и сервиси“, што се одржа во селото Одрено, а ја спроведе
    Здружението „Норгес Вел “ од Крива Паланка, во соработка со НВО Инфоцентар од Скопје.

    На работилницата учествуваа повеќе жени земјоделки , кои ги посочија главните проблеми и предизвици со кои се соочуваат. За пристапот до потребните информации и услуги тие беа информирани од претставници од Одделението за јавни дејности, ЛЕР и ИТ и од подрачните служби од Крива Паланка.

    „Оваа работилница беше можност за двонасочна комуникација на жените од руралните средини со претставници на општината и подрачните единици на релевантните институци, задолжени за услуги и информации. Се разви дебата за нивото на компетентост на административниот сектор во општината, а руралните жени побараа поедноставен пристап до потребните документи и информации што во еден организиран и поедноставен процес. Исто така, на работилницата детално се објасни и намената и пристапот до ИПАРД фондовите како голем бенефит за жените“, истакна Даниела Атанасовска, претседателка на „Норгес вел“.

    Таа потенцираше дека жените се клучна алка во развојот на руралните области и националните економии. Тие сочинуваат 43 проценти од земјоделската работна сила ширум светот, а во некои држави овој процент се искачува дури и на 70 проценти.

    Работилницата е реализирана во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиски поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.