Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Актуелната градоначалничка на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска е една од 30 градоначалници на СДСМ која ќе се бори за втор мандат на престојните локални избори. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва ги објави имињата на дел од кандидатите за градоначалници, а останатите ќе бидат објавени на крајот на јули и на август.
Јовановска е првиот кандидат на СДСМ во Североисточниот регион што доби поддршка од партијата.
Заев рече дека врз основа на анкетите ги избрале најдобрите.
Кандидати за градоначалници од СДСМ се Перо Костадинов за Валандово, Миликије Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Велимир Смилевски за Бутел, Марјан Јанев за Василево, за Босилово Зоран Зимбаков, Сашо Јанковски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Пешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево, Лазе Петров за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, за Карбинци Јордан Нацев, Филип Темелковски за Кисела Вода, Благојче Илиев за Конче, Томе Христоски за Крушево, Аце Велкоски за Лозово, Медат Куртовски за Маврово - Ростуше, Љубе Кузманоски за Новаци, Костадин Георгиевски за Охрид, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Гошаревски за Ресен, Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане, Сашко Николов за Штип и Петре Шилегов за Градот Скопје.