Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Еднодневно караванско возење низ Кумановско-козјачкиот регион, организира Офроад Куманово, по повод празникот „11 Октомври“.
Рутата започнува од Туша петрол во село Војник, преку Макреш, Канарево, Свиланце, Брешко, Аљинце, Жељувино, Дренак, Пклиште, Длабочица, Перен, Цветишница, Рамно, па се до Арбанашко и Кокино.
„Возењето е од слободен карактер, со 3 паузи, без котизација, спонзорство и организации. Воедно , Туша петрол ни обезбеди попуст на дизел горивото за 2 денари. Секој што поседува 4 x 4 возило, крос или атв и е љубител на овој спорт може да ни се придружи и заедно да уживаме во адреналинското возење“, велат од Офроад Куманово.
Организаторите ги замолуваат сите учесници да се придржуваат до рпавилата и да возат по обележаниот пат за да не се загадува природата со отпадоци, палење оган и слично.
Збирното мсто е кај Туша петрол, на 11 октомври, во 8 часот кога ќе се доделуваат и редните броеви, а стартот е во 9 часот.