×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кратовската к`цана сол ги освојува туристите (видео)

    03.02.2024 09:32 | Жаклина Цветковска

    Голем број туристи од целиот свет поминале низ Етно куќата „Шанчева“ во Кратово во изминатите 15 години и сите имаат убави спомени за гостопримството во една од најстарите кратовски куќи со традиционална архитектонска градба.

    Но, покрај задржаниот традиционален дух на познатата семејна куќа, денес претворена во сместувачки капацитет, бројните гости се воодушевени од познатата кратовска к`цана сол и можноста да пробаат да ја направат при нивниот престој во најстариот град на Балканот. Тоа им го овозможува сопственикот на Шанчева куќа, Стевче Доневски, кој им го презентира начинот на подготовка според семеен рецепт стар неколку векови.

    „Презентацијата на подготовка на к`цана сол за туристите трае 30 минути. Сите сакаат да пробаат како се прави, сами ги ставаат состојките, кцаат во аванот. Тоа е многу интересно за нив, бидејќи се работи за оригинален специјалитет. Подеднакво уживаат и во дегустацијата на кцаната сол што на туристите им ја нудиме со топло домашно приготвено лепче“, објаснува Доневски.

    Според него за овој специјалитет како зачин има многу имиња и повеќе различни вкусови. На пример, додека во Кратово и Шлегово се вика к`цана или домазетска сол, во Лесново е триена сол, во Куманово пуцкар, во Скопско биена, еврајска или циганска сол во Виница, афионова во Радовиш, тепана сол во Велешко итн.

    Секое семејство има и свој фамилијарен рецепт, каде покрај основните состојки кои им се познати на сите, имаат и тајна состојка што го прави вкусот автентичен и препознатлив. Така во к`цаната сол на семејството Доневски има вкупно 13 билки.

    „Се става морска сол, царевка, криворечка везанка, белојка, мајчина душица, ноктец , повечерка и други ароматични билки и зачини кои се тајна. Рецептот е повеќе генерации во нашето семејство, а јас го наследив од мајка ми. Досега сум го презентирал на многу саеми на храна во Македонија и во странство и верувајте сите се воодушевени. Затоа, иднината е во плантажи на
    ароматични билки од Осоговсиот регион, а производот е бренд со кој може да го освоиме пазарот“ , вели Доневски.

    Приказната за к`цаната сол ја пренесуваат главно странските туристи, кои престојуваат во Шанчева куќа во Кратово. Туристичкото и гастрономско доживување го промовираат преку фотографии и на своите блогови и интернет страници каде не го кријат своето задоволство од посетата и искуствата во Кратово.

    Кратовската к`цана сол ги освојува туристите (видео)