×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе служам искрено и од срце за граѓаните, вети новиот градоначалник на Крива Паланка Сашко Митовски

    01.11.2021 15:12 | Жаклина Цветковска

    Новиот градоначалник на Крива Паланка Сашко Митовски од СДСМ, кој извојува победа уште во првиот круг од локалните избори, денеска стапи на функцијата откако го прими уверението од ОИК.

    Ќе служам искрено и од срце за граѓаните, вети новиот градоначалник на Крива Паланка Сашко Митовски

    „Чест ми е што граѓаните ми дадоа доверба и можност во наредниот период да бидам прв меѓу еднаквите, да бидам сервис и партнер во извршувањето на секојдневните обврски. Пред мене и пред општинската администрација стои голем предизвик и одговорност да продолжиме да ја градиме општината. Чест е да се служи искрено и од срце за граѓаните, рече Митовски и ја повика администрацијата да се стави на целосно располаѓање на кривопаланчани.

    Тој доаѓа на местото на досегашниот градоначалник Борјанчо Мицевски, исто така од СДСМ, на кого му се заблагодари за се што направил во изминатите 4 години. Подвлече дека е свесен оти тоа е голем товар и предизвик, но дека ќе се труди сериозно да продолжи по тој пат на напредок.

    Досегашниот градоначалник Борјанчо Мицевски, со емотивен говор им се заблагодари на своите соработници, Советот на општината и на граѓаните за
    дадената поддршка.

    „Беше чест и задоволство да се работи со сите вас. Ја направивме Крива Паланка препознатлива и на домашно и на меѓународно ниво, по резултатите
    што ги покажавме. Во 2017 година, ја затекнав општината со 500 евра, а сега ја оставам со сметка од над 200.000 евра. Дадов се од себе, дадов максимум. На
    новиот градоначалник му посакувам да продолжи да ја гради Крива Паланка и да бидеме горди на она што го правиме за родниот град“, рече Мицевски.

    Тој на новиот градоначалник Митовски симболично му го предаде клучот на градот и го повика да продолжи домаќински да работи. Митовски подвлече дека останува на своето ветување градоначалничката плата да ја донира за социјални случаи во општината и дека тоа ќе биде официјализирано на конститутивната седница на Советот на Крива Паланка.