Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најубавите македонски антологиски песни ќе одекнат на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, во четврток, 4 јули, со почеток во 20:00 часот, во рамките на концертот на Митан проект со Андријана Јаневска.
Овој познат музички проект кој ја обединува традицијата и емоциите на некогашниот дух на врмето, претставува музичко патување низ Македонија со песни кои ја раскажуваат приказната за радоста, љубовта, тагата и гордоста на македонскиот народ.
На програмата се најубавите „Македонски рози“ кои ќе ги оживеат спомените за опеаните Дафина, Милица, Елена, едно моме и други, преку уникатната интерпретација на Андријана Јаневска, маестро Дамир Имери, како и музичарите Владимир Крстев, Александар Јовевски, Петар димовски и Мите Димовски-Митан.
Настанот е дел од програмата на „Крива Паланка - Град на културата 2024“, и претставува можност за сите љубители на македонската музика да уживаат во едно незаборавно доживување, исполнето со емоции и спомени за паметење.
Никола Митовски