Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Крива Паланка оваа година ќе издвои 1,2 милиони денари од сопствениот буџет за финансиска поддршка на граѓанските организации кои делуваат на ова подрачје.
Средствата се предвидени со Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2021 година, а се наменети за проектни активности во областите: подобрување на условите за живеење на социјално маргинализираните лица, активности за креирање и имплементација на младински политики и потреби, културно - историското наследство, заштитата на животната средина и локалниот економски развој.
Јавниот повик трае до 10 март, а право на учество имаат само фондации и здруженија што се основани и се со седиште на територијата на Општина Крива Паланка. Буџетите за предлог проектите треба да се во висина од 30.000 до 60.000 денари.
Минатата година Програмата за поддршка на здруженија и фондации беше стопирана и не се реализираше поради пандемијата и препораките од Владата за наменско и рационално трошење на буџетските средства.
(Ж.Ц.)