Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повелба за пријателство и соработка потпишаа општините Крива Паланка и Жупања од Хрватска.
- Целата на ова ново пријателство е унапредување на взаемните односи, размена на искуства во насока на подобрување на економскиот, социјалниот и културниот развој. Градење на блиски врски, размена на искуства и широка соработка на полето на културата, младите и спортот, како и во други области од општествениот живот, а се со цел, развој и благосостојба на локалните заедници, - изјави градоначалникот Борјанчо Мицевски.
Повелбата за соработка е потпишана во Жупања, каде што деновиве престојува делегација од општина Крива Паланка.