Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бројот на новозаразени од ковид-19, со последниот бран, рапидно се зголемува во Крива Паланка.
Фото: pixabay.com
Само последната недела регистрирани се 68 новозаразени, а ако се исклучат Скопје и Куманово како најбројни општини, Крива Паланка се наоѓа во првите 10 општини со најголем број на активни случаи.
Според последните статистички податоци, во оваа општина, заедно со Ранковце, има вкупно 1685 регистрирани случаи на заболени од кои во моментов се активни 155.
Досега се регистрирани 83 смртни случаи, а забележителна е и висока стапка на леталитет, кој го покажува односот на бројот на умрени наспроти вкупниот број на заболени, изразен во проценти. Крива Паланка кумулативно има 4,9-5,0% леталитет и е на врвот на листата, веднаш зад Струга (6,4%) и Крушево (6%). Екипи на Медицинскиот центар на заболените им даваат трерапија во домашни услови, а потешките случаи се згрижуваат во ковид центрите во Куманово и Скопје. Надлежните органи апелираат строго да се почитуваат мерките и препораките за заштита од вирусот, како и да се зајакнат контролите.