×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривопаланечки наставници со европски партнери работат на интеграција на учениците со посебни потреби

    30.03.2022 08:55 | Жаклина Цветковска

    Социјалните потешкотии на учениците со посебни потреби се во фокусот на Еразмус+ проектот „Една мисија, една визија, еден фокус“, што го спроведува ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка со своите европски партнери од Романија, Италија, Словачка и Турција.

    Кривопаланечки наставници со европски партнери работат на интеграција на учениците со посебни потреби

    „Проектот се спроведува во рамки на програмата на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, финансиски поддржана од Европската унија. Работиме на темата за децата со посебни потреби, поконкретно за социјалните потешкотии на овие ученици. Во проектот се вклучени вкупно 15 наставници од ООУ ,,Јоаким Крчовски“, кои во наредните пет
    дена, заедно со своите колеги од државите- партнери, во Крива Паланка ќе реализират активности од проектот, вели координаторот на проектот Гариела Стојановска од ООУ „Јоаким Крчовски“.

    Во рамките на посетата на европските партнери, градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски нагласи дека размената на искуства и знаења, како и заедничката интерактивна настава и активности во рамки на проектот, претставуваат огромен капитал на знаење на наставниците, професорите и учениците.

    „Ние како општина ги поддржуваме сите проекти кои се во интерес на учениците и наставниците во областа на образованието, а едукацијата на младите кадри е од особено значење за целото општество“, истакна Митовски.