Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Градскиот музеј од Крива Паланка ќе биде санирана и обновена старата оштетена фасада преку инвестиција во вредност од 1.593.000 денари.
Средствата се обезбедени преку проектот „Модерен музеј – европски град“, финансиски поддржан од Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа, во рамки на програмата за намалување на диспаритетите на регионите и зголемување на регионалната конкурентност.
Проектот предвидува санацијата на фасадата и подобрување на енергетската ефикасност преку комплетирање на системот за централно греење и користење на енергетски ефикасни суровини и обновливи извори на енергија.
Со проектните активности се заокружува процесот на реновирање и адаптација, а се подобрува и визуелниот впечаток на зградата на музејот како уредена, модерна и напредна установа, која се грижи за културното наследство на регионот.
(Ж.Ц.)